Beats Studio 2 Wireless
Детали
ПОЧУВСТВУВАЈ ЈА МУЗИКАТА, А НЕ КАБЕЛОТ
Со новите бежични Beats Studio Bluetooth слушалки ќе бидете во можност да ја слушате Вашата плеј листа на 9 метри оддалеченост. Исто така преку нив ќе можете да прескокнувате песни, примате повици и итн. Ќе бидете во можност да го слушате тоа што Вие го сакате и кога сакате.
ПОЧУВСТВУВАЈ ЈА СВОЈАТА МУЗИКА
Со Beats Acoustic Engine™ Вашето доживување ќе биде интимно, лично и реално. Beats DSP софтверот е дизајниран да создава емоции, што ги прави Dr. Dre, Jimmy Iovine и многу други познати лица од светот на музиката да ги користат Beats моделите.
СТИШИ ГО СВЕТОТ
Beats се способни да се адаптираат во околината во која се наоѓате. Кога слушате музика ANC автоматски ќе го создаде Вистинскиот баланс помеѓу Вашата музика и светот околу Вас.
БАТЕРИЈА
Празната батерија може многу лесно да ја уништи атмосферата. Кај новите Beats Studio тоа веќе не е проблем, тие имаат вградена батерија која ќе Ви овозможи 12 часа бежично слушање на музика и 20 часа кога слушате со помош на кабелот. Заборавете на специфични полначи бидејќи новите Beats Studio можете да ги наполнете со Micro USB.
ПОЛЕСНИ, ПОСИЛНИ И ПОУДОБНИ
Новите Beats Studio слушалки се редизајнирани со цел да се долови изгледот како кај спортските автомобили. Овој модел е 13% полесен од претходниот со што се и поудобни. Исто така имаат помеки ергономски влошки со што ќе одговараат на сите.