Сервис

Сервис

Во соработка со Apple и дистрибутерот Apcom
Ви овозможивме бесплатно преземање
и испраќање на вашите уреди.

Искористете ја нашата безконтактна услуга.

На сигурен и безбеден начин, заедно со Ин Пошта Радески, организираме транспорт на Apple производи до iSTYLE Сервисот и назад.

Бесплатната услуга за испорака се однесува на iPhone, Mac, Beats и iPad. Сè што треба да направите е да го пополните барањето на следниот линк

Важно е да останете дома, да се грижите за вашето здравје и ние ќе се погрижиме за вашите омилени производи. Како дел од нашите бесплатни курирски услуги, ние исто така овозможивме:

  • Намалени цени на сите екрани

  • Намалени цени на батерии

  • Вклучена Дијагностика и внатрешно чистење на Вашиот уред.

*Намалените цени на батерии важат за iPhone 6 Plus, iPhone 6s Plus, iPhone 8 и iPhone 8 Plus.

Servis iSTYLE
Servis iSTYLE

Процедурата е едноставна и само во неколку чекори:

  • Пополните го формуларот: Првенствено потребно е да пополните барање за сервис на следниот линк.

  • Спакувајте го уредот: iSTYLE Ве советува производот да го спакувате во оригиналната кутија, со цел да не се оштети.

  • Преземање: Курирот доаѓа кај вас и го презема уредот. Пратката е бесплатна.

  • Поправка: Од безбедносни причини, секоја пратка откако ќе биде доставена нема да биде отворена 24 часа.

  • Испорака: После поправката iSTYLE го испраќа уредот на Ваша адреса. Времето на испорака е од 1 до 3 работни дена.

  • Напомена:

    1. 1.Визуелно механичка инспекција - Ако уредот има физичко оштетување, неовластено модифицирање или ако има неоригинални делови, нема да биде можно да се поправи уредот во гарантни услови, односно iSTYLE Сервис е должен да му понуди на клиентот цена за поправка, доколку има услови уредот да се поправи вон гарантни услови. Ако корисникот ја одбие поправката, уредот има тотална штета или неоригинални делови, iSTYLE Сервис го задржува правото да наплати дијагностика во горенаведените ситуации. Актуелниот ценовник за услугите на iSTYLE Сервис можете да го проверите на нашата: страна.

    2. S2. Зачувајте ги вашите податоци - Тука може да најдете упатство како да ги зачувате вашите податоци. Услугата за зачувување на податоци (Backup) не е опфатена со гаранцијата и оваа услуга се наплаќа.

    3. 3. FMiP мора да биде привремено исклучен со цел сервисот на iSTYLE да го дијагностицира уредот. Можете да дознаете како да ја исклучите опцијата FMiP на следниот линк.

    *iSTYLE Сервис има ограничена количина на екрани на залиха (iPhone 7 до 11 Pro Max)

    **iSTYLE Сервис има одредена количина на батерии на залиха (iPhone SE до iPhone X)