Ако примарно го користите Safari, логично е да научите некои кратенки на тастатурата и така да си ја забрзате работата. Во овој текст ви донесуваме 12 кратенки за Safari кои ќе ви помогнат да го извлечете максимумот додека работите.
1. Брзо префрлање помеѓу отворемите табови
За брзо да се префрлате помеѓу отворените табови, притиснете Control + Tab или Control + Shift + Tab. Можете да притискате и Command +1 до Command + 8 за да го отворите избраниот таб. Ако сите отворени табови не ви ги собира на лентата за табови, едноставно повлечете надесно или налево на било кој таб со помош на тракпадот, за да ги отворите оние кои не се гледаат.
2. Автоматско отворање на најдесниот таб
За автомтаски да го отворите крајниот десен таб, притиснете Command + 9. Оваа корисна кратенка функционира само на Mac уредите кои го имаат macOS High Sierru 10.13.4 или понов систем. На постарите верзии на macOS, оваа кратенка ве води до деветиот таб.
3. Затворање на таб
Лесно можете да го затворите табот со притискање на Command + W. За да ги затворите сите табови освен моментно отворениот, кликнете со десен клик на маусот или на Control + на табот кој сакате да го задржите отворен, па на паѓачкото мени изберете Затвори ги останатите табови. Втора опција е да одите на Option + X на табот.
4. Повторно отворете го неодамна затворениот таб/прозорец
Дали некогаш сте затвориле таб и веднаш сте пожалиле поради тоа? Не грижете се, постојат неколку кратенки за отворање на неодамна затворените табови. Ако затворањето на таб е последното што сте го направиле во Safari, употребете ја стандардната кратенка за поништување, Command + Z. Во спротивно, притиснете Shift + Command + T или изберете Повторно отвори го последниот затворен таб во Историјата на Safari.
Двете овие кратенки можете да ги користите повеќе пати по ред за да ги отворите сите затворени табови. Ако сакате да отворите некој одреден таб, изберете го во History, во менито Неодамна затворено.
Совет: За да отворите било кој случајно затворен прозорец или таб во текот на последното користење на интернет прегледникот, изберете History и изберете ја опцијата Повторно отворете ги сите прозорци од последната сесија.
5. Префрлајте се помеѓу прозорците
Знаеме како да се префрлате помеѓу табовите, а како да се префрлате помеѓу прозорците? Само притиснете Command + ` или Command + Shift + ` за да го отворите претходниот прозорец.
6. Одете напред/назад
Глувчето и тракпадот малку не се одморат. Кратенката Command + ] ве води на следната страница, а Command + [ ве враќа на претходната.
7. Листајте ја целата страница
За да излистате цела по цела страница, држете го копчето Option и притиснете ја стрелката за оре или долу. Можете да го притиснете и Space или Space + Shift за да скролате нагоре и надолу.
8. Одете на крајот или почетокот на интернет страницата
Автоматски да дојдете на самиот врв или крајот на страницата, држете го копчето Command и притоа притискајте ја стрелката горе или долу.
9. Прикажи/скриј ја лентата со фаворити
Секој сантиматар слободен простор е важен. За да ја прикажете или скриете лентата со фаворити, притиснете Command + Shift + B.
10. Отворете прозорец за приватна сесија
За брзо да го отворите прозорецот за приватно прегледување, притиснете Command + Shift + N.
11. Прикажи ја/скриј ја страничната лента
Сакате ли брз пристап до Bookmarks, Reading list и Shared links? Притиснете Command + Shift + L.
12. Одете директно на лентата со URL
Ако сакате брзо да и пристапите на лентата за адреси за да внесете URL или поим за пребарување, притиснете Command + L.
Секако, постојат уште многу такви кратенки за Safari, но овие 12 основни треба да бидат дел од вашиот секојдневен арсенал.