Апликации кои ви помагаат да се држите до новогодишните одлуки

Секогаш е убаво да се донесат новогодишни одлуки, но уште поубаво е да се придржувате до нив цела година, но и подолго. Секој има свои методи, но и уредите кои секогаш ги имате покрај себе сигурно ќе ви бидат од корист. Има многу апликации кои можат да ви помогнат да го реализирате вашите намери.

Било да се работи за вежбање, лични или деловни работи, уредноста е секогаш добредојдена. Па да почнеме!

Спорт и Здравје

Апликациите за следење на физичките активности се многу популарнi, а многу од нив нудат бројни опции. Тука е апликацијата Runtastic, која покрај на трчањето се фокусира и на вежбите за сила, а нуди и бројни други опции. Апликациите можете да ги купите една по една, се заедно или да се претплатите на нив. Така секогаш имате солиден избор кога е вежбањето во прашање.

Помошта на Apple Watch секогаш е добра, а тука на сцена стапува апликацијата Nike Run Club. Таа ви овозможува да им се придружите на официјалните тренери на Nike прито групно вежбање или трчање. Како член на клубот за трчање или вежбање на располагање ќе имате и други услуги, како совети за вежбање и идеја за опрема за вежбање. Соработката на Nike и Apple е совршен избор за сите кои сакаат да почнат да вежбаат.

Освен вежбањето, исхраната е важен фактор за зачувување на здравјето. Ако одлучите да живеете поздраво, мора да внимавате и што јадете - а сите знаеме дека јадењето на квалитетни оброци понекогаш е и потешко од редовното одење во вежбалница. Yazio е совршена опција, бидејќи ви овозможува и следење на конзумацијата на вода. Исто така, апликацијата WaterMinder за Apple Watch може да ви биде од корист. 

Работа и учење

За да им се посветите на работните задачи, клучно е да бидете организирани и добри во планирањето. За среќа, на располагање имате многу апликации за управување со работните задачи, како MeisterTask или Trello. Двете решенија за многу корисни за индивидуалните корисници и помалите претпријатија. Нивните основни iOS и macOS верзии се достапни бесплатно. За учење ви го препорачуваме iStudiez Pro како најдобро решение. 

Ако ви треба повеќе време, можете да поработите на тоа. Со апликацијата Time 2, лесно можете да поставите временски интервали за секоја задача и да ја слдите својата работа во текот на денот. Оваа апликација ви овозможува подобро и поедноставно да управувате со своите задачи и да видите на кои активности трошите повеќе време.

Финансии и следење на целите

Иако парите не можат да ја купат среќата, следењето на трошоците секогаш е една од новогодишните одлуки. Со помош на апликацијата PocketGuard тоа можете успешно да почнете да го правите. Навистина ќе ви помогне да заштедите некој денар. 

Ако сте донеле многу новогодишни одлуки, потребна ви е апликација која ги покрива сите, зарем не? Што велите на Strides Habit Tracker? Ако одлучите да преземете само една од апликациите кои ги споменавме, нека биде оваа. Ви овозможува да ги следите и таквите ситници како зачестеноста на јадење брза храна, спиењето, потрошувачката и штедењето.