Апликации за лица заболени од дијабетес

Донесуваме неколку апликации кои помагаат во зачувувањето на здравјето, посебно ако имате било кој облик на дијабетес.

Според дефиницијата на MedlinePlus, дијабетесот е болест кој предизвикува зголемувањето на нивото на шеќер во крвта, односно глукоза. Глукозата доаѓа од храната која ја јадеме, а инсулинот е хормон кој овозможува станиците во нашето тело да ја апсорбираат глукозата и така да добијат енергија. Со типот 1, телото не создава инсулин. Со типот 2, оној почестиот, телото не го употребува инсулинот на правилен начин. Без доволно инсулин, глукозата останува во крвта. Исто така, постои и состојба во која нивото на шеќерот во крвта е зголемена, но не доволно за да ви биде дијагностициран дијабетес. Меѓутоа, во тој случај ќе имате зголемен ризик од заболување од дијабетес тип 2.

Зголеменото ниво на шеќер во крвта во текот на подолго време може да има сериозни последици - можат да ви настрадаат очите, бубрезите и нервите. Дијабетесот може да предизвика и проблеми со срцето, мозочен удар, а во некои случаи и ампутација на половиот орган.

За да избегнете компликации, важно е да одржувате добро ниво на шеќер во крвта. Во светот се зголемува бројот на заболени од другиот тип на дијабетес, најмногу поради намалувањето на вежби на телото, конзумацијата на брза храна и стрес.

Тоа сме што го јадеме!

Една од работите на кои треба најмногу да се внимава е исхраната. Изборот на квалитетни намирници е клучот за добро урамнотежена исхрана. Следните апликации ќе ви помогнат во тоа.

Mealime: Meal Plans & Recipes

Оваа апликации ви помага во подготовка на едноставни и здрави оброци. Наменета е за корисниците кои сакаат поздраво да јадат, но не сакаат да поминуваат часови во кујна. Сликите од кои течат лиги ви помагаат да ги изберете оброците и рецептите. Можете да ги прилагодувате - и во поглед на состојките и во поглед на големината на порцијата. Освен тоа, апликацијата ви помага да подготвите листа за купување и набројува која опрема ви е потребна за подготовка на одредено јадење.

Lifesum: Diet & Macro Tracker

Освен следењето и планирањето оброци, оваа апликација ви помага во следење на внесените калории. Предноста е што не ви се потребни никакви математички вештини. Доволно е за запишете што сте јаделе и автоматски ќе добиете рамковни информации за калориите и нутриентите кои сте ги внеле во телото. Освен тоа, оваа апликација ви помага во планирање на оброците за цела недела. Нејзината верзија за Apple Watch ви овозможува следење на дневниот внес на вода и ве известува кога треба да пиете. Таквите известувања навистина можат добро да дојдат во текот на напорниот работен ден.

Покренете се!

Ова е златно правило. Дури и ако не сакате да вежбате, морате да се движите - посебно ако поголемиот дел од денот го поминувате седејќи. За лицата заболени од дијабетес, ова е обврзно.

C25K® 5K Trainer

Иако името изгледа малку комплицирано, се работи за многу едноставна и корисна апликација. Совршена е за тркачите, бидејќи имате виртуелен личен тренер и многу корисни информации. Покрај тоа, можете да ја поврзете со бројните апликации за стриминг на музика, како Apple Music и Spotify. Секако, ги следи и вашиот напредок. Да се вратиме на нејзиното име - ако ги следите сите упатства кои ви ги пружа апликацијата, за само осум недели ќе можете да претрчате 5 км (5K).

Fitbit CoachiSWEAT: Kayla Itsines Fitness

Ова се две многу слични апликации. Во двете имате личен тренер, упатства и планови на вежбање. Единствената разлика е што апликацијата SWEAT е дизајнирана исклучиво за жени. Двете апликации нудат планирани вежби кои им одговараат на различните нивоа на кондиција. Ако се претплатите на Fitbit, ќе имате вистински личен тренер. Од друга страна, со претплата на SWEAT добивате пристап до вежбите и советите за исхрана.

Контролирајте ги нивото на шеќер во крвта!

Следните апликации ви помагаат да го надзирате нивото на шеќер во крвта.

Sugar Sense Diabetes App

Нејзината најголема предност е што може да се синхронизира со многу уреди за мерење на нивото на шеќер во крвта, а сите мерања едноставно ги складира. Компатибилна е со HealthKit на Apple и апликацијата Health. Врз снова на разните статистички податоци можете темелно да го следите своето здравје.

Diabetes Tracker by MyNetDiary Inc.

Ова е една од најсложените апликации достапни за заболените од дијабетес. Лесно се употребува и содржи многу функции. Може да се поврзе со Siri и постои верзија за Apple Watch.

Иако постојат многу различни уреди и програми на пазарот, најважно е да донесете одлука и да се држите до неа.