Apple го објави новиот 16-инчен MacBook Pro

Најголемиот и најмоќен член на MacBook Pro семејството пристигна, со доста импресивни спецификации. Прекрасен дисплеј, шест звучници, 8 јадрен процесор и нова тастатура.

Apple оваа година ги понуди своите помоќни преносни Mac модели, MacBook Pro со 13 и 15 инчни дисплеи. На почетокот на оваа година, започнаа гласините за поголем, 16-инчен модел. Очекувавме да биде објавен на годинашната WWDC конференција. Но, останавме со Mac Pro и Pro Display XDR како професионални нови уреди. Годинашниот специјален настан помина без објава на нови MacBook модели, но различни извори сепак потврдија дека новиот MacBook Pro ќе биде објавен оваа година.

Потоа, Тим Кук го објави следново видео на Твитер со краток коментар:

Поголем екран

Новиот MacBook Pro има 16 инчен дисплеј со осветленост од 500 нити. Сепак, физичките параметри останаа исти. Одговара на 15-инчниот MacBook Pro (2015 модел) со помали рамки. Моделот од 2015 година е совршен избор за споредба, затоа што наместо повторно да биде потенок, новиот модел доби на тежина и е подебел за 0,07 сантиметри. Што е доста голема предност.

Целокупниот изглед останува ист, но ESC сега е физичко копче и повторно е одвоено од Touch Bar. Покрај тоа, четирите Thunderbolt 3 USB-C влезови се исти. Ова не води до заклучок дека Apple го прекина производството на 15" MacBook Pro и од сега, ќе можете да изберете помеѓу 13" и 16" модели.

8-јадрен процесор

Новиот 16 ”MacBook Pro пристигнува со два различни типови процесори. Новите уреди се опремени со 9. генерација Intel чипови и можете да изберете помеѓу 6-јадрениот 2,6 GHz и осумјадрениот 2,3 GHz

Најголемата батерија досега со 100 Wh ви нуди до 11 часа сурфање на интернет или гледање филмови преку ТВ-апликацијата.

Основниот модел пристигнува со 16 GB DDR4 меморија, која може да се прошири до 64 GB. Пристигнува со 512 GB SSD или 1TB SSD, кој може да се надополни и до 8TB. Професионални карактеристики, професионални цени.

Подобар звук 

Инженерите на Apple не го изоставија ни звукот. Новиот MacBook Pro има систем на звук со шест звучници кој го исполнуваат целото опкружување со драматични тонови. Исто така, вклучува и двојни вуфери и понизок опсег од половина октава до басот. Лаптопот е опремен со три микрофони со квалитет како од студио, овозможувајќи ви веднаш да ги снимите звуците со квалитет на подкаст.

Magic Keyboard

Една од најслабите страни од претходната серија MacBook беше тастатурата што мина низ многу промени низ годините. Новиот 16" MacBook Pro e опремен со тотално нов комплет на тастатура, наречена Magic Keyboard.

Ќе видиме што покажува и очигледно ќе се вратиме со подолг тест, веднаш штом ќе можеме да ги ставиме рацете на новата машина!