Apple стартуваше нов YouTube канал

Тивко со телевизиски и филмски содржини. Единствената цел сè уште e прашање.

И покрај тоа што поставуваат содржини од пред четири недели, меѓународните медиуми неодамна добија нов бран со новиот YouTube канал наречен Apple TV.

Се работи за доста активна платформа. Во овој момент содржи 55 различни видеа и има вкупно 1,36 милиони прегледи. Најпопуларни содржини се промотивните видеа од главниот канал на Apple, додека повеќето други имаат помалку од 100 прегледи.

Се работи главно за трејлери и видеа од зад сцената од различни филмови и серии, интервјуа и екстра Carpool Karaoke видео записи. Не толку ексклузивни содржини. Поголем дел од нив не се достапни за Apple TV во САД, па затоа е тешко да се најде поентата на овој канал.

Сепак, со претстојното лансирање на услугата Apple TV+, сосема е разумно да се почне нешто ново во врска со филмовите. Но, зошто токму со овие содржини? Слободно проверете го каналот, ние постојано ќе го следиме!