Лесно можете да го пронајдете совршениот уред за своите потреби и тоа според најдобрите можни цени. Моделите издвоени во оваа понуда се означени со ознаката Промо. Но внимавајте, не се сите модели по намалена цена. Промотивните цени вредат само за производите кои ги имаме на залиха, а тие се ограничени.
Исто така, поголем дел од нашите производи можете да ги купите на рати без камата. За повеќе информации за условите на плаќање, посетете ја нашата интернет страница.
Еве ги неколкуте празнични понуди кои ги издвоивме!
MacBook Air Retina – од 69.990 денари
Apple го претстави овој нов MacBook Air модел со 13-инчен Retina екран, Touch ID и најмодерни процесори, со дизајн кој го оправдува фактот дека се работи за омилениот преносен компјутер. Со батерија која трае цел ден, новиот MacBook Air е достапен во три прекрасни бои: златна, вселенско сива и сребрена.
Овој најповолен Mac со Ретина екран вклучува и тастатура дизајнирана од Apple, голем тракпад со Force Touch, побрз SSD, одличен стерео звук, T2 сигурносниот чип на Apple и Thunderbolt 3, што овој уред го прави совршен преносен компјутер кој можете да го носите насекаде.
iPhone XS i XS Max – од 52.890 денари
iPhone XS е опремен со технологија од новата генерација и претставува огромен чекор напред за иднината на паметните телефони. Секој негов дел е вистинско мало ремек-дело, вклучувајќи го и првиот чип од 7 nm, A12 Bionic со Neural Engine од осум јадра, побрз Face ID и напреден систем со двојна камера кои снима фотографии во портретен режим на работа со Smart HDR.
iPhone XS Max нуди најголем екран во историјата на iPhone и најголема батерија досега, која трае и до 90 минути подолго од она на што сте навикнале. iPhone XS со 64 GB се продава по цена од 52.890 денари, што е намалување до 15.100 денари, додека поголемиот модел iPhone XS Max со 64 GB може да се купи за 69.990 денари, што претставува попуст до 10.000 денари.
Во празничната понуда ќе се најде и iPhone 6s по цена од 18.888 денари, iPhone 7 за 24.900 денари и iPhone 8 од 32.990 денари.
iPad 9,7-инчи и iPad 10,2-инчи - од 18.990 денари
Не заборавивме ни на iPad моделите, кои во текот на празничната промоција, исто така, ќе бидат со намалени цени. iPad со 9.7-инчен екран од шестата генерација се продава по цена од 18.990 денари, што е намалување до 2.000 денари, додека 10,2-инчниот iPad од седмата генерација може да се купи по цена од 22.490 денари, што претставува попуст до 2.500 денари во однос на редовната цена.
Целокупната празнична понуда можете да ја погледнете ТУКА.