Добијте најпрецизни мерења со помош на вашиот Apple Watch

Вашиот Apple Watch ви помага да ги одредите вашите цели за дневна активност, врз основа на вашите лични податоци. Користењето на следните трикови може да ви помогнат да ги направите мерењата попрецизни.

Вашиот Apple Watch ви помага да ги одредите вашите цели за дневна активност, врз основа на вашите лични податоци. Користењето на следните трикови може да ви помогнат да ги направите мерењата попрецизни.

1. Ажурирајте ги вашите лични податоци

Врз основа на вашите лични податоци - како висина, тежина, пол и возраст - вашиот Apple Watch може да пресмета количина на активно согорени калории. За да ги ажурирате вашите лични податоци, отворете ја апликацијата Watch на вашиот iPhone, допрете го My Watch и изберете Health. Притиснете Edit во горниот десен агол и поправете ги вашите податоци.

2. Собирајте бодови за движење и вежбање

Секоја полна минута движење која е еднаква или понапорна од брзо одење ви помага да ги затворите дневните прстени на движење и вежбање. Во случај на лица во количка, мерењето за темели на брзи туркања. Сите активности со помал интензитет се мерат само како бодови на движење.

Ако сакате да соберете бодови за вежбање додека одите, раката на која го носите Apple Watch природно нека се движи. На пример, држете го ремчето на вашето куче во другата рака, додека раката на која го носите часовникот непречено ви се ниша. Ако тоа не е можно, бидејќи, на пример, туркате количка, и натаму можете да освоите бодови за вежбање преку апликацијата Workout. Отворете ја оваа апликацијата на својот Apple Watch и одете на Outdoor Walk. Апликацијата Activity се потпира на движењата на рацете и мечаот на брзина за да го следи движењето, но апликацијата Workout покрај тоа користи и сензор за мерење на отчукувања на срцето и GPS.

3. Погрижете се да е вклучена опцијата Wrist Detection

Ако опцијата Wrist Detection е исклучена, не можете да освојувате бодови и вашиот Apple Watch не може да го следи вашиот напредок. Сензорот за следење на отчукување на срцето нема да работи во позадина додека одмарате или лесно шетате. За да ја проверите таа поставка, одете на апликацијата Apple Watch на својот iPhone, потоа отворете го табот My Watch и притиснете Passcode. Проверете дали е вклучена опцијата Wrist Detection.

4. Правилно носете го својот Apple Watch

Ако правилно го ставате својот часовник на зглобот - не прецврсто и не прелабаво, за кожата да има простор за дишење - ќе ви биде поудобно и сите сензори непречено и правилно ќе работат.

5. Најпрецизно мерење на очукување на срцето

Со цел сензорот за следење на работата на срцето да работи што е можно поправилно додека ја користите апликацијата Workout, погрижете се вашиот часовник да е правилно сместен на вашиот зглоб. Сензорот мора да биде во постојан допир со вашата кожа.

Ако ја вклучите опцијата Power Saving Mode додека одите или трчате, сензорот за следење на работата на срцето автоматски ќе се исклучи. За да ја оневозможите опцијата Power Saving Mode, одете на апликацијата Apple Watch на својот iPhone, па притиснете Workout > Power Saving Mode.

Ако ја исклучите опцијата Heart Rate во поставките на сигурност, исто така, нема да ја мерите работата на срцето. За да ја овозможите таа опција, одете на апликацијата Apple Watch на својот iPhone, па притиснете Privacy > Heart Rate.

6. Изберете најсоодветна вежба

Кога ја употребувате апликацијата Workout, изберете соодветна вежба. Ако трчате на лента за трчање, изберете Indoor Run, а ако правите вежби кои не се наоѓаат на листата, изберете ја опцијата Other.

7. Калибрирајте го својот Apple Watch

Кога зборуваме за броењето на калории, ќе добиете најпрецизни можни податоци ако го калибрирате својот Apple Watch. Така часовникот ќе го научи се што е потребно за вас, како вашето ниво на кондиција и просечниот број на чекори.