iPadOS пружа целосно ново искуство на iPad

Неодамна најавениот iPadOS кој го менува iOS на сите iPad уреди донесува ветување за нов почетен екран, напреден мултитаскинг, уште подобра поддршка за Apple Pencil и мноштво нови прилики.

Нов Home Screen

Се работи за функција која на корисниците не им е видлива од прва. Приказот на апликации на почетниот екран малку е променет, па можете да имате повеќе икони на еден екран. Исто така, можно е да го поставите приказот на денешните известувања на екранот (досега можевте да ја отворите оваа опција со повлекување во десно), па лесно можете да добиете увид во своите најважни виџети.

Унапреден Split View

Обликот на мултитаскинг во кој можевте истовремено да видите приказ на две апликации на екранот постои веќе подолго време, но сега можете истата апликација да ја прикажете два пати на екранот. На пример, лесно е да се стават две страници на Mail една покрај друга, па истовремено да ги читате примените пораки и да пишувате нова.

Подобра интеграција на Apple Pencil

Првата и веројатно најважна иновација која се однесува на дигиталното пенкалце на Apple е дека стапката на задоцнување му е намалена од 20 ms на 9 ms. Освен тоа, iPadOs доби две нови кул функции:

Целосно редизајниран и проширен алат за означување.

Освен слика од екранот, сега можете да уредувате цели страници, на пример интернет страница или мејл. Верувам дека тоа ќе биде посебно корисно за дизајнерите.

Помоќна апликација Files

Во склад со темата „iPad ќе го замени компјутерот”, апликацијата Files доби надградба и сега ќе функционира поскладно и ќе биде поедноставна. Apple успеа да ги додаде сите функции кои недостасуваа, па сега можеме навистина лесно да управуваме со фајловите, како со помош на Finder на Mac. Освен тоа, тука се и новите опции за делење на iCloud, поддршка за надворешен USB drive, Column Views и локално складирање.

Останати функции

  • Обновен Safari, посличен на компјутерски облик
  • Паметно уредување на текст
  • Dark Mode
  • Единствени фонтови
  • Лебдечка тастатура со поддршка за QuickPath
  • Обновена апликација Photos
  • Sign in with Apple
  • Поспектакуларни Мапи (моментно само во САД)
  • Намалување на големината за преземање за 50%, двојно побрзо лансирање на апликации.

Бета софтверот на новиот iPadOS е компатибилен со следните уреди: iPad Pro 9.7”, iPad Pro 12.9”, iPad Air 2, iPad mini 4, 3. ген. iPad Air, 5. ген. iPad mini, 5. и 6. ген. iPad, 2. ген. iPad Pro 10.5”, 2. ген. iPad Pro 12.9”, 3. ген. iPad Pro 11” и 3. ген. iPad Pro 12.9”.

Кои функции најмногу ви се допаѓаат? Дали некои од нив беа на вашата листа на желби?