iPhone 6s и 6s Plus - Програма за замена ако уредот не може да се вклучи

Компанијата Apple утврди дека одреден процент на iPhone 6s и 6s Plus модели имаат вградена компонента со грешка, која може да предизвика исклучување на Вашиот уред, по што iPhone-от повеќе не може да се вклучи.

Моделите со овој дефект беа во продажба од октомври 2018 до август 2019 година.

Врз основа на серискиот број на уредот, можете да проверите дали вашиот iPhone 6s или 6s Plus се квалификува за бесплатна замена со клик на следниот линк.

Пред доаѓањето во Сервис, потребно е:

Да ги сочувате вашите информации. На веб-страницата на производителот можете да најдете упатства како се снимаат податоците. Изработката на безбедносна копија не е покриена со гаранцијата и таа услуга се наплатува. Доколку сакате iSTYLE Service да направи Backup на Вашите податоци, услугата се наплаќа 1.500 денари.

Исклучете ја Find My iPhone заштитата (FMiP). Функцијата FMiP мора да биде привремено исклучена за да може Сервисот да спроведе дијагностика на уредот. На следниот линк можете да видите како да го исклучите FMiP.

Сервисна процедура:

Потребно е својот уред да го донесете во Сервис за да се изврши дијагностика и да се потврди дека iPhone 6s или 6s Plus има дефект што овозможува бесплатна замена.

Ако одлучите да го испратите вашиот уред на некоја од многубројните служби за испорака, ве молиме вашиот iPhone да го ставите во неговата оригинална кутија и обврзно приложете ги своите податоци: име, презиме, адреса, мејл, телефон за контакт и краток опис на дефектот. Адресата за испраќање е:

Ај Стаил ДОО - ул. Љубљанска бр. 4 лок. 144Скопје Сити Мол приземје1000, Скопје, Северна Македонија

Дополнителни информации:

Apple може да ја ограничи замената на уредот во земјата на купување или во регионот каде што е купен iPhone 6s или 6s Plus.

IPhone 6s и 6s Plus можe да се разменуваат во период од две години од датумот на купување истакнат на сметката на авторизираниот трговец, под услов да ги исполнува горенаведените услови.

Гаранцијата на уредот не се продолжува во случај на други дефекти.

Ако уредот има физички оштетувања, неовластени модификации или се користени неоригинални делови, замената нема да биде можна. iSTYLE Сервисот го задржува правото за наплата на дијагностика во такви ситуации.

За повеќе информации, контактирајте не service@istyle.mk