iPhone XR – SE меѓу iPhone уредите во 2018 | ТЕСТ

Последната недела ја поминавме тестирајќи го iPhone XR, еден од највозбудливите производи на годинашната Keynote презентација. Дали се работи навистина за ценовно најисплатлив уред оваа година? Кои компромиси ги донесува? Дами и господа, на овие и сите други прашања ќе ви одговориме во овој текст.

Можеби многумина од вас ќе ги изнеадни насловот на оваа рецензија: зошто 6,1-инчниот iPhone XR би бил годинашниот SE модел? Екранот не му е помал од другите модели (iPhone XS е помал од XR); не доаѓа во куќиштето на поранешниот модел; а и цената му е поинаква од изворниот SE. Ако ги гледаме работите на тој начин, мојата аналогија не држи вода.

Меѓутоа, ако SE моделот го опишеме како уред кој ги содржи најважните технологии на топ моделите на iPhone, со само неколку компромиси и по осетно поповолна цена, веднаш е јасно што сакав да кажам. Бидејќи тоа е описот на iPhone XR. Иако има некои компромиси, не би требало да се откажеме од најдобрите функции. За возврат е осетно поевтин од сите други годинашни модели. Но, да не брзаме, да тргнеме од почеток.

По мое мислење, iPhone XR е највозбудливиот производ на годинашниот Keynote. XS ја донесе обврзната S-series надградба и – иако се работи за врвен уред – не е посебно возбудлив. Покрај големината, iPhone XS Max е идентичен на iPhonu XS. Затоа е најдобро да му се посветиме на iPhone XR. Нов дизајн, но LCD екран? Без 3D Touch и со подебели рамки? Во најразнолики бои досега? Со Face ID, но и со некои компромиси? Па, такво нешто навистина никогаш не сме виделе…

Верувам дека веќе сфативме дека бев многу љубопитен кога ја добив првата сина верзија една недела пред официјалното лансирање. Сепак, не ме раздрма она чувство на возбуда како на божиќното утро. Всушност, на ум ми паднаа две прашања со негативен предзнак:

  • Колку е широка рамката околу екранот?
  • Колку е грда оваа сина боја

Па, ова второто навистина е прашање на вкусот. Поголем дел од колегите во канцеларија рекоа дека баш синиот модел им е најубав. Значи, можеби не е проблемот во бојата туку во мене и моите преференци (најмногу ми пречи што алуминиумското куќиште и задната камера не одговараат). За мене, белиот, жолтиот и црвениот модел се многу поубави. Во секој случај, можеме да ја заклучиме темата за боите.

Меѓутоа, морам да ја објаснам својата прва забелешка, со што ја отвораме и темата на најголемиот недостаток на овој модел: екранот. iPhone X, XS и XS Max имаат OLED екрани. Затоа сите им се радуваа на новите модели. Но, iPhone XR има класичен LCD екран со класична површина од 828 x 1792 пиксели и густина од 326 ppi.

Колку би можело тоа да им пречи на корисниците? Па, зависи од перспективата. Ако ги погледнеме работите од контекст на уредите со OLED екрани, се работи со голем проблем. Уредите со OLED енергетски се поефикасно, имаат прекрасни црни бои и поголема резолуција. А да не споменуваа дека имаат поголема максимална осветленост. Во тој контекст гледаме јасна разлика меѓу овие уреди, најмногу во пракса, кога ќе ги ставиме еден покрај друг.

Но, ако работите ги гледаме од перспектива на LCD уредите, нема никаков проблем. Искуството е еднакво како и на сите други LCD уреди, само што овие заоблени рабови и тенки дисплеи даваат посебен шмек. За да успеат да обликуваат такви рабови, инженерите требало да си поиграат со осветлувањето на пикселите, а рамките се пошироки од оние на OLED екраните, само затоа што под екранот морало да се вметне позадинско осветлување. Ако ги земеме сите тие работи во предвид, можеме да заклучиме дека рамките се прилично тенки.

Значи, само оние кои се навикнати на OLED екрани ова го сметаат за проблем. Сите други ова го гледаат како напредок. Исто така, доволни се само неколку дена сите да се навикнат на тие „дебели” рамки. Истото вреди за недостатокот на 3D Touch. Ја вклучив оваа функција во нашата анкета. па знаеме дека само помал дел од корисниците уживаат во сите предности на оваа опција. И јас со години имав уред со 3D Touch, но воопшто не ми недостасуваше во текот на тестирањето (евентуално во случајот на светилката и движењето на курсорот на тастатурата). Доволно е малку прилагодување и сите лесно ќе се навикнат да уживаат во предностите на Haptic Touch.

Понатаму, тука е камерата, која не е двојна и има само една широкоаголна леќа. Се работи практично за истата камера од 12 MP која работи со AI алгоритмите кои ги имаат поголемите браќа на XR, па си неа можат да се снимат навистина добри фотографии. Недостатокот на телефото леќата не предизвикува никакви потешкотии. Добро, можеме да заборавиме на 2x оптички зум, но портретниот начин и натаму ни е на располагање, благодарение на софтверско решение. Секако, постојат разлики, но искуството е еднакво, а тоа е најважно. Сепак, сите кои iPhone сакаат да го користат за професионално фотографирање треба да го набават iPhone XS.

Со ова можеме да ја заклучиме листата на „недостатоци”. Го имаме идентичниот А12 процесор како и во случајот на XS, со што брзината значајно се подобрува. Морам да признаам дека XR е многу брз. Neural Engine одлично работи, и придонесува за вкупно задоволство на користење.

Истото вреди за Face ID. Тоа веројатно ќе биде најдобрата новина за сите корисници кои досега имаа Touch ID. Се работи за интуитивно решение кое е многу поефикасно и побезбедно од Touch ID. Јас и натаму го употребувам iPhone 7 и рацете прилично ми се потат, па уживав во ова подобрување. Посебно со оглед на тоа дека iOS 12 поретко го бара тој облик на автентикација.

А сега малку за големината. За мене 4,7-инчното решение е најдобро и не го променив мислењето по користењето на iPhone XR. Всушност, дури и ми беше преголем, иако со време сигурно би се навикнал на него. По неколку дена се полесно го користев само со една рака, иако секогаш бев посигурен кога ми беше во двете раце. Причина за тоа можеби е фактот дека XR единствен го доби „најсилното и најотпорно стакло” од предната страна, но не и од задната. Затоа треба да бидете внимателни и да размислите за вложување во некаков облик на заштита.

Кога сме веќе кај големината, треба да се истакне дека XR е 0,6 мм подебел од другите модели, што се чувствува во рака. Јас тоа е го сметам за недостаток, бидејќи разликата е помала од 1 см. Исто така, малку е потежок од iPhone XS – XR тежи 194 грама, а стандардниот XS 177 (Max 204 грама). Со тоа лесно се живее, а некои сигурно ќе ги поздрават тие дополнителни неколку грама.

Батеријата има 2942 mAh, што е дури и малку повеќе од 2658 mAh на iPhone XS. Секако, енергетски поефикасниот OLED екран ја компензира таа разлика, но благодарение на големата резолуција на XS моделите, батеријата на iPhone XR трае најдолго. Уште повеќе, можеме да потврдиме дека лесно издржува и два дена ако не го користите претерано интензиво.

Уште повеќе, и натаму имаме True Tone екран, Touch Sample Rate од 120 Hz, брзо полнење, па освен класичните црна и бела боја, имаме црвена, сина, жолта и корална нијанса. Со оглед на тоа дека куќиштете не е изработено од нерѓосувачки челик, туку од алуминиум, и тоа може да биде во разни бои.

Заклучок

На крајот на тестирањето кое траеше неколку дена, сфатив дека целосно сум го променил мислењето. Почнав така што пробав да пронајдам што се овој уред не знае во однос на XS, но на крајот барав по што е XS толку подобар, што има толку повисока цена. Да, бидејќо почетната цена на XR моделот е 55.990 денари, додека почетната цена на XS е значително повисока, дури 74.990 денари (за XS Max нема ни да зборуваме – неговата цена изнесува 81.990 денари.)

Сите кои размислуваат за купување на нов уред треба да се запрашаат дали им се исплати да плаќаат дополнителни 19.000 денари само за да добијат подобар екран. Бидејќи, според мое мислење, тоа е единствената вредна разлика помеѓу овие модели.

iPhone XR е совршен уред за сите кои сакаат да уживаат во новиот дизајн и технологиите како Face ID. Верувам дека овој модел би им бил интересен на сите кои досега го имале постариот модел. На оние кои преминуваат од iPhone 7 или другите стари модели топло им го препорачувам овој модел. Уште повеќе, би се осмелил да кажам дека тоа би бил добар избор и за корисниците на iPhone 8. Меѓутоа, преминувањето на X на XR навистина нема смисла.

Секако, најдобро е сами да го испробате овој уред. Посетете ја iSTYLE продавницата во Скопје Сити Мол, поиграјте си малку со него и споредете го со XS моделот, или пак со оној што самите го имате. Проверете дали ви прели дебелината на рамките. А ако имате било какви прашања врзани за XR, слободно пишете ни во коментарите. Ќе дадеме се од себе да ви помогнеме!