iPhone XS Max – Максимум од се | ТЕСТ

iPhone XS Max. Уред кој има најголем дисплеј во селекцијата на паметните телефони на Apple, a кој беше претставен на септемврискиот Keynote. Веќе некое време тестираме како е да се користи толку голем уред во секојдневниот живот.

Додека ги пишувам овие реченици, размизлувам за тоа како би ми се чинел дисплеј од 6,5-инчи и што би рекол Steve Jobs, кој толку веруваше во iPhone од 3,5-инчи. Ова второт никогаш нема да го знаеме, но јас точно знам колку не ги сакав огромните паметни телефони.

Од тогаш моите прсти ни малку не пораснаа, како ни мојата дланка, па дури ни големината на моите џебови. Така што сигурно би рекол дека огромнитe iPhone уреди – ако навистина би ги презирал, би ги нарекувал фаблети – имаат целосно погрешна визија. Меѓутоа, ако ги погледнам сите тие нови функции, кои се појавија со поголемата големина, го земам во предвид однесувањето на корисниците и ги додада, очекувањата на пазарот од 2018. година, тоа е веќе нешто сосема поинаку.

Како што напоменав, пред пет години навистина не мисе допадна идејата за поголеми паметни телефони. Но сега, концептот на iPhone XS Max има целосно поинакво значење. Имаме OLED дисплеј од 6,5 инчи, со огромна батерија. Таа овозможува еден час подолго користење од својот помал брат. Во пракса, тоа значи дека со просечна употреба би можел да работи цели два дена, без понење. Ако навистина ги користите сите функции што ги пружа (фотографии, видео снимки, iMessage, музика итн.) може да трае до првото утринско светло, по долгата ноќ.

Во теорија, батерија од 3.174 mAh не е ништо во споредба со водечките уреди на другите производители. Сепак, A12 Bionic чипот може да сочува ненормална количина енергија. Во текот на првите неколку дена тестирање, можеше да издржи еден ден, со 3-4 часа константно снимање видео. Ако користите iPhone веќе некое време, можеби знаете колку е ова значајно за перформансите на iPhone. Моделот iPhone XR може да направи уште повеќе. Така што оние кои бараат луксузни уреди, не мораат да се грижат за траењето на батеријата.

Во секој случај, уредот е исклучително брз. Камерата и софтверските решенија кои ја поддржуваат се едни од најдобрите на пазарот. OLED дисплејот не значи ништо ново, но овојпат добивате супериорна верзија. Ги содржи 3D Touch и Face ID, кој се уште не функционира во landscape мод. Без сомневање, iPhone XS Max е навистина одличен уред.

Сето тоа звучи супер, но дали навистина вреди да се жртвува “компактната” големина? Ова прашање ме мачи веќе со години. Да можев тогаш да купам уред со Max големина, повеќе би го полнел својот помал уред три пати дневно, отколку да купам поголем. Меѓутоа, тогаш имав прилично ограничен план на податоци, во тоа време не гледав YouTube видеа, не работев користејќи го својот телефон и не слушав музика онлајн.

Денес користам 20 пати повеќе податоци и покрај за испраќање пораки, телефонот го користам на милион други начини. Моето однесување целосно се промени, што поседувањето на уред со поголем дисплеј го прави се поразумно. Дали iPhone XS Max стана понезгоден за користење? Ќе морате да го држите во својата рака и сами да одлучите.

Предноста на поголемиот екран е тоа што може да прикаже повеќе и поголеми содржини, што на пример, го прави пишувањето поедноставно. Кога би можел да бирам помеѓу двата моментно водечки уреди, би гласал за поголемиот. Да, iPhone XS е прилично скап, а iPhone XS Max доаѓа со уште повисока цена. Но, според мое мислење, разликата е прифатлива ако ги земам сите дополнителни функции кои ќе ги добијам. Но, тоа сум само јас…

Освен што ќе добиете одличен уред, кога ќе го земете во рака, дава чувство на врвен квалитет. За разлика од моделот со стандардна големина, iPhone XS Max навистина и одговара на вашата рака. Истовремено можете да го држите удобно и цврсто. Употребата на Face ID тука е прилично разумна. На тој начин, не би морале да го држите уредот со палецот, а користењето на гестови не бара толку труд како притискањето.

Ова значи дека, дури и ако го држите iPhone малку повисоко од неговиот долен дел, можете да го користите комотно и да го држите мирно. Иако хардверот е ист, овие дополнителни 2 инчи го прават iPhone XS Max вистински супериорен уред. Неговата тежина, исто така, го прави помалку лизгав, а и го надополнува тоа врвно чувство.

Телефонот создава прекрасни 4K снимки со навистина компактна големина на фајлот. Боите отскокнуваат од екранот и исто така е предност што употребата остана едноставна како порано, дури и со подобрена камера. Бројот на мегапиксели е ист како кај iPhone X, но затоа големината на пиксели порасна, Затиа и во случај на послабо амбиентално светло, можете да ги направите најдобрите можни фотографии.

Од многу причини, iPhone XS Max е најдобриот телефон што Apple некогаш го направил. Мојот првобитен скептицизам поради новата големина и боите беше однесен со виорот во неколку секунди. Сепак, мислам дека овој телефон не е корисен за секого. Една од главните причини е цената, бидејќи iPhone XR ги има речиси сите идентични карактеристики, па и голем дисплеј, но по доста подостапна цена. Освен тоа, Apple го направи овој уред за оние на кои им е потербен максимумот. Од дисплејот, батеријата и дизајнот. Доколку не сте гик или врвен бизнисмен, би требало два пати да размислите.