Известување - iSTYLE

Поради настатана ситуација со КОВИД-19 и нашата грижа како за Вас, нашите клиенти, и нашите вработени ги преземаме следните мерки на претпазливост и заштита.

Драги наши клиенти би сакале да Ве известиме за работното време на iSTYLE според владините мерки и изјавата за работен однос на правни лици во затворени трговски центри од министерот Венко Филипче, продавницата на iSTYLE во Skopje City Mall нема да работи се додека не биде поинаку наведено.

Од денес Вашите омилени производи ќе можете да ги нарачате само преку онлајн продавницата на iSTYLE, istyle.mk.

Нарачките ќе бидат процесирани и испорачани на Ваша адреса, според можностите на курирската служба.

Како потсетување подолу можете да погледнете како можете да направите нарачка како физичко или правно лице:

  • Ги избирате посакуваните производи;
  • ги додавате во кошничката;
  • притискате:
  1. Предлед на кошничка (каде имате преглед што имате додадено во кошничката за нарачка)
  2. Продолжи со нарачка
  3. Пополнувате Ваши податоци (Ваши лични кога нарачувате лично и/или дополнително пополнувате податоци од компанија доколку купувате како правно лице)
  4. Избирате начин на достава (во овој момент само преку курирска служба, преземањето од продавница не е можно)
  5. притискате ПРОДОЛЖИ
  6. Избирате начин на плаќање ("плаќање со картичка", "плаќање по профактура - уплата на сметка" и "во готово при испорака")
  7. ВНЕСИ НАРАЧКА (на e-mail адресата ќе добиете потврда од истата)

На секои Ваши дополнителни прашања ќе бидеме среќни да одговориме на e-mail, webshop@istyle.mk

*Телфонските линии нема да бидат во функција.

Бидете здрави и останете дома, никогаш не било полесно! Се гледаме наскоро. ❤️

iSTYLE, Вашиот локален Apple експерт.