Како Apple го промени нашиот свет: Револуционерни компјутери II

Денешните персонални компјутери не би биле вакви без Apple и нивните уреди

Нашиот преглед на историјата на компјутери на Apple го завршивме со Macintosh TV, од 1993. година.

iMac (1998.)

Има три причини зошто iMac брзо стана најпродаван персонален компјутер во САД. Се работеше за целосна единица која лесно се користеше и бараше минимално поставување. Имаше и рачка која го олеснуваше пренесувањето. Бидејќи iMac немаше видливи кабли кои го поврзуваат екранот и компјутерот, им беше привлечен на корисниците кои не знаеле многу за компјутерите. Третина од продадените iMac компјутери во текот на првата година ги купија корисници на кои ова им бил прв компјутер.

А iMac беше и визуелно многу привлечен, посебно во однос на компјутерите кои во тоа време доминираа на пазарот. Синиот iMac со кружно глувче и проѕирно куќиште овозможуваше да се ѕирнете во него. Помалку од една година подоцна, пристигна и втората генерација и претстави пет живописни бои.

Буквата “i” означува интернет, а iMac беше прв компјутер кој пружаше брз пристап до мрежата - во само два клика со маусот. Со два USB влеза, iMac означи и важна точка во историјата на USB стандардот. По неговото лансирање, бројот на продадени USB додатоци нагло порасна.

Од сите сите причини, прекрасниот iMac беше комерцијален успех. Една недела по лансирањето на новите iMac уреди, Apple објави дека заработката во последниот квартал скокнала небо под облаци и буквално станала три пати подобра во однос на претходната година.

Power Mac G4 Cube (2000.)

Power Mac G4 Cube може да се смета за дизјанерска ѕвезда, но комерцијален неуспех. Овој прекрасен минималистички модел може да се најде во њујоршкиот Музеј на современа уметност. Иако го дизајнираше легендарниот Jony Ive, не успеа да се пробие на пазарот.

Овој компјутер беше најголемото бебе на Steve Jobs, а беше инспириран од компјутерот NeXTcube, кој го произведе компанијата NeXT на Jobs. Apple во 1996. година ја купи оваа компанија, а Cube пристигна четири година подоцна. Куќиштето било изработено од акрилно „стакло“ и криеше одличен хардвер одвнатре. Но, сите тие предности престануваат бидејќи Cube немаше вентилатор - прегревањето влијаеше на перформансите и ги кочеше, а настрада само акрилното куќиште.

Затоа поголем дел од купувачите го преферираа Power Mac G4 (популарната „лампа“), со традиционалниот систем на ладење. Една година по претставувањето, Cube е повлечен од продажба.

iMac G4 (2002.)

Овој модел не може да се прескокне, бидејќи се работи за еден од најубавите компјутери, кој беше целосно поинаков од своите претходници.

Овој Mac модел го доби прекарот „ламба“, односно „сончоглед“ поради својот изглед. LCD екранот беше поставен на прилагодливата рака од нерѓосувачки челик, кој личеше на лампа и овозможуваше ергономско прилагодување на положбата на екранот. Базата беше пластична полутопка и во која се наоѓаше целиот хардвер. Apple се откажа од проѕирната пластика и му даде на iMac елегантно бело куќиште.

Компјутерот со дизајнот личи на ликот на Lux Jr. од анимираниот филм на Pixar, што не чуди бидејќи Pixar е уште една компанија многу блиска со Jobs. Иако беше поскап, овој компјутер доби пофалби од корисниците и рецензентите.

iMac G5 (2004.)

Овој многу успешен модел на Mac се продаде во стотици илјади примероци. Беше целосно различен од претходниот iMac G4. Целата електроника беше скриена зад широкиот LCD екран, па наизглед се чинеше дека се работи за подебел монитор.

Дизајнот вклучуваше и алуминиумска база („стапало“), кое го држеше телото на компјутерот. Тоа беше првиот компактен се-во-еден компјутер на светот. Вклучуваше и напреден систем на ладење со кој управуваше оперативниот систем, па iMac практично беше тивок при пониското оптоварување на CPU.

Во 2005. година на овој модел му се додадени нови технологии. Сензорот на амбиентално осветлување автоматски ја прилагодуваше светлината на екранот, а останатите унапредувања вклучуваа iSight веб камера вградена во рамката на екранот, WiFi Airport Extreme (802,11 g) и Gigabit Ethernet конекција.

MacBook Pro (2006.)

На светската конференција на програмери (WWDC), на 6. јуни, 2005. година, Jobs најави дека Apple од 2006. година ќе почне да ги произведува првите Mac компјутери со процесорите на Intel. На 10. јануари, 2006. година, новите MacBook Pro и iMac станаа првите компјутери на Apple со Intel Core Duo процесори. MacBook Pro беше на понапредниот крај на спектарот меѓу MacBook лаптопите, а беше достапен во верзија од 13 и 15 инчи. Се работеше за модел изработен од едно парче алуминиум, со потенок екран и тракпад, чија цела површина беше едно големо копче.

Промена на правецот (2007.)

Во текот на говорот на саемот Macworld Wxpo, Steve Jobs најави дека компанијата Apple Computer, Inc. ќе го промени името во Apple Inc. Причина за тоа беше промената на стратегијата - компанијата одлучи да го префрли акцентот од компјутерите на другите електронски уреди.

MacBook Air (2008.)

На крајот од нашиот преглед на најважните компјутери на Apple доаѓа еден што промени многу работи: од технологијата, преку дизајнот, до начинот на живот. Во секое кафуле ќе видите најмалку еден MacBook Air (симболично, и овој текст е напишан на таков компјутер). Овој револуционерен модел на лаптоп толку лесно се пренесува што не бара никаква торба. Steve Jobs го претстави MacBook Air на 15. јануари, 2008. година, како прв во низата ултрабук компјутери. MacBook Air се рекламираше како најтенок лаптоп на светот. Исто така, има и целосно осветлена тастатура, а претставува револуција во поглед на користените материјали и влијанието на околината. Се нудеше брз SSD и беше прв Mac без CD и DVD оптички драјв.

Извори: Time.comThought.com