Како Apple го промени нашиот свет: Револуционерни компјутери III

Apple го создаде првиот, најдобриот и најшарен персонален компјутер. Но, ги промени и другите сфери на дигиталниот свет, од печатачи до телефони. Да се потестиме на некои уреди кои ја обликуваа модерната цивилизација.

Првата куќна машина за пишување

LaserWriter беше првата ласерска машина за пишување која можеше да се употребува дома. Со програмата PageMarker ја почна новата индустрија на DTP (Desktop Publishing).

Пишувачот LaserWriter беше идеален и за бизнис корисниците, бидејќи можеше да се поврзе на компјутерската мрежа преку LocalTalk и AppleTalk протоколите, кои овозможуваа до 30 Mac уреди да имаат пристап до машината за пишување во ист момент. По што оваа машина била единствена? Можела да испишува дотогаш незамислив број фонтови, големини на букви, па дури и слики.

Првата персонална дигитална камера

Магазинот Times ја именуваше дигиталната камера на Apple, QuickTake 100 како прва персонална дигитална камера и ја смести на листата „Сто најважни уреди од 1923. година“.

Инаку, се работи за еден од уредите кои Apple не ги дизајнираше сам. Во овој случај, камерата ја изработи компанијата Kodak.

Максималната резолуција на фотографиите беше 640x480, а самата камера можела да складира осум такви фотографии. Имала вграден блиц, но не и фокус или зумирање. Снимените фотографии можеле да се префрлат на Macintosh преку кабел, а поединечните фотографии не можеле да се избришат. Оваа камера била создадена кога Steve Jobs не бил во Apple. Откако се вратил во компанијата во 1997. година, веднаш го запрел тој преокт, како и сите останати кои не се однесувале на компјутерите.

Walkman за 21. век

Apple во 2001. го претстави iPod и тој уред го означи пресвртот во индустријата на дигитална музика. iPod бил развиен во неверојатно краток рок како таен проект, за чија реализација било потребно помалку од една година. Во споредба со постоечките MP3 уреди, iPod бил помал, полесен, поевтин и имал значително поголем капацитет. Нудел интуитивно управување со врвен дизајн и револуционерниот Scroll Wheel.

FireWire овозможуваше музиката на iPod да се презема 30 пати побрзо во однос на класичниот USB, а уредот притоа и се полнеше. Тоа значеше дека за помалку од десет минути можеше да се наполни уредот со илјада песни. Кога би го правеле тоа на MP3 плеер, преносот би траел пет часа.

Првиот iPod имаше капацитет од 5 GB, што значеше дека во џебот можеше да се имаат илјада песни. Исто така, iPod функционираше и како екстерен хард диск.

За разлика од сличните уреди на кои батеријата им се празнела на секои два часа, iPod можеше да пушта музика десет часа без прекин.

iPod уредите беа најпродавани MP3 уреди, со удел од 63 проценти на американскиот пазар. Во периодот помеѓу октомври 2001. и април 2007. година беа продадени 100 милиони iPod плеери.

Нова ера на телефони

iPhone го промени светот на комуникациите. Стана симбол на технолошкиот напредок, но и на успехот на Apple. Веројатно не постои подобра икона на 21. век од iPhone. Неверојатен е податокот дека за 30 часа од лансирањето, беа продадени 270.000 уреди.

Настана како тајна со кодно име „Purple“, а изврната намена беше да се создаде таблет. Меѓутоа, кога Jobs сфати колкав потенцијал има екранот на допир, одлучи да го стави на мобилен телефон.

Nokia и Sony Ericsson продаваа телефони со екран на допир во 2007. година, но имаа еден голем недостаток - за нивното користење беше потребно дигитално пенкалце. iPhone беше првиот мобилен телефон со вистински екран на допир со големина од 3,5-инчи и оперативен систем кој поддржуваше такво управување.

iPhone стекна верна орда обожаватели, благодарение на својата едноставност на користење и стабилниот оперативен систем. Тогашниот хардвер беше далеку пред својата година на производство.

Првиот таблет: iPad

Steve Jobs во еден говор во 1983. година истакна дека Apple има многу едноставна цел. Имено, сакаа да создадат компјутер со големина на книга, кое секогаш можете да го носите со себе без било какви кабли, и кое можете да научите да го работите за 20 минути. iPad претставен во 2010. година ги овозможи овие желби. Во принцип се работеше за зголемен iPhone, а првата генерација немаше камера. Ова беше прв пат технологијата да овозможи создавање на хибрид помеѓу телефон и компјутер, со кој можеа да управуваат и децата, а кој многу брзо стана главен алат на комуницирање на постарата генерација.

Првиот таблет на Apple претставуваше и технолошки и деловен успех, со 300.000 примероци продадени во текот на првиот ден. Стаклото кое го прекриваше LCD дисплејот беше отпорно на отисоци и гребнатини. Самиот уред вклучуваше и некои новитети, како сензор за амбиентално осветлување, жироскоп и акцелерометар со три оски.

Батеријата овозможуваше десет часа гледање видео, 140 часа слушање музика и 30 дена во standby начин на работа. Секако, Apple постави и нови трендови: во 2011. година сите почнаа да произведуваат таблет уреди.

Исто така, во 2019. година iPad доби и сопствен оперативен систем, iPad OS, кој го замени дотогашниот iOS: iPad уредите можат да ги заменат лаптопите, благодарение на сличните функции, едноставноста на користење, долгото траење на батеријата и поповолната цена.

Што мислите, кој уред на Apple најмногу го промени 21. век?