Од каде доаѓа терминот complications (компликации)?
Кога традиционалните изработувачи на часовници зборуваат за својата работа, користат посебна терминологија. Часовникот се темели на движења, кои се во срцето на секој часовнико и кои ги покренуваат стрелките и сите други бројчаници.
Доволен е еден поглед на сложената механика во рамките на часовникот (горна слика) да сфатите колку е комплицирана, дури и кога се работи за махенизмот кој ги покренува само стрелките на часовникот и се грижи непречено да работат.
Се друго што ќе му додадете на лицето на часовникот, како бројчаник за датуми, дополнително ја комплицира механиката, па оттаму англискиот израз компликација. Секоја дополнителна компликација подразбира дополнителни делови и дополнителни решенија.
На пазарот можете да пронајдете неверојатно сложени швајцарски часовници, а Patek Philippe е познат по часовници со мноштво дополнителни компликации. Впрочем, и класичниот Omega Seammaster има посебен бројчаник за датуми.
Apple Watch нуди повеќе од 30 прилагодени компликации со вградени апликации на Apple, а кога ќе додадете и апликации од трети страни, задачата за пронаоѓање на идеална компликација станува многу комплициран.
За среќа, можете да ги отстраните апликациите од трети страни од листата на компликации, но тоа морате да го направите на iPhone.
Apple Watch: како да ги отстраните апликациите од листата на прилагодени бројчаници.
- Отворете ја апликацијата Watch на iPhone.
- Притиснете Компликации.
- Допрете Уреди го горниот десен агол.
- Допрете го црвениот круг покрај апликацијата за да ја отстраните.
- Потврдете со допир на Отстрани.
- Повторете ја постапката за сите апликации, па притиснете Готово.
Еве како изгледаат тие чекори
- Откако ќе притиснете Уреди, изберете кои апликации сакате да ги отстраните со допир на црвеното копче покрај секоја, па потоа потврдете го изборот со допир на копчето Отстрани.
- Кога ќе ги отстраните сите апликации од листата на компликација, на дното ќе ја видите опцијата повторно да ги додадете со допир на зеленото копче (ќе ја видите во најгорнииот десен скриншот).