Овој краток туториал ќе ви покаже како да ги сопрете апликациите на Mac автоматски да се отвораат при вклучувањето или пријавувањето во системот.
Сите апликации кои автоматски се отвораат при пријавувањето во системот се видливи во менито Поставки на системот.
- Одете на иконата Apple, па на Поставките на системот во менито.
- Изберете Корисници и групи.
- Изберете го корисникот од левата страна, ако постои повеќе од еден.
- Одете на опцијата за пријава.
- Ќе видите листа на сите апликации кои автоматски се отвораат. Ако сакате некоја да отстраните, изберете ја и кликнете на знакот минус „-“
Од друга страна, ако сакате да додете некоја апликација, тоа можете да го направите на исто место, само на поинаков начин.
Наместо знакот минус, изберете го знакот „+“ и побарајте ја точната локација на покренувачот на апликации на својот Mac. Поголем дел од апликациите можете да ги пронајдете во фолдерот Апликации. Сепак, некои апликации од трета страна кои самите сте ги инсталирале, можеби се наоѓаат на некое друго место.
Ако постои одредена апликација која упорно автоматски се отвора, тоа можете да го промените и преку Dock, под претпоставка дека таа апликација е трајно сместена таму или дека меѓу неодамна користените апликации.
- Изберете ја иконата со десен клик на маусот или притиснете Control и кликнете на иконата на апликацијата.
- Одете на Опции во менито кое ќе се отвори.
- Ако е означена опцијата Отворање при најава, исклучете ја.