Како да исчистите вашиот iPhone - правилен и неправилен начин

Со оглед на тоа дека постојано го допирате својот телефон, го доближувате до лицето и до устата, целиот уред е совршено место за создавање и развој на бактерии. Бидејќи овие денови сите зборуваме за зарази, еве неколку совети како да го одржувате својот iPhone чист и безбеден.

Средства кои НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ за чистење на вашиот уред

Средство за чистење на прозорци

Како што кажува самото име, тоа е средство наменето за чистење на прозорци, стаклени површини и огледала. Зошто тогаш не е добро и за чистење на мобилните телефони? Првенствено затоа што таквите средства содржат силни хемикалии, кои можат да ги оштетат различните слоеви на вашиот екран. Еден од нив е и тн. олеофобен слој, кој го штити екранот од маснотии и слични дамки. Тој слој веќе се отстранува со секојдневна употреба, па нема потреба темелно да го отстраните и со примена на хемикалии.

Хартиени крпи

Хартиената крпа во комбинација со средството за миење прозорци станува смртоносно оружје. Меѓутоа, ни самата хартиена крпа не прави ништо добро за екранот, дури и кога ја користите сува. Иако изгледа меко, може да го изгребе екранот, а нема ни ефикасно да ги отстрани честичките на нечистотија.

Средство за отстранување шминка или било каква алкохолна течност 

На театарската шминка местото и е само на тетарските штици, а ни вашиот телефон не е љубител на дебел слој на пудра, до која секогаш ќе го допрете секогаш кога водите телефонски разговор. Дури и ако сте нашле совршено средство за отстранување на шминка за својот вид на кожа, тоа не значи дека тоа е совршено и за вашиот телефон. Најголем проблем е што поголем дел од таквите средства - баш како и средствата за чистење прозорци - содржат алкохол, кој може да го оштети и олеофобниот и хидрофобниот слој на екранот. Значи, отстранете гп тоникот за лице од својот смартфон и користете го само во купатило.

Компримиран воздух

Ова не треба премногу да се објаснува. Барем така се надеваме. Компримираниот воздух може значително да ги оштети разните делови на вашиот уред, како звучниците, микрофонот, конекторите, копчињата и камерата. Дури и Apple ја истакнува важноста од избегнување на користење на компримиран воздух на својата официјална страница за поддршка.

Влажни марамчиња

Звучи како добра идеја, но дефинитивно не е. Од една страна, повторно содржат алкохол. Од друга, содржат влажни влакна кои можат да се залепат за екранот, аглите и конекторите.

Вода

Иако најновите модели на iPhone во одредена мерка се орпорни на вода, навистина не се препорачува да ги миете како што ги миете садовите. Не само што водата нема да ги отстрани дамките и бактериите, туку ќе морате долго да го сушите уредот, пред и да помислите да го ставите на полнење.

Добро, постои ли тогаш нешто со што можеме да го чистиме својот уред? Секако дека постои!

Средства кои СМЕЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ за чистење на вашиот уред

Фластер

Звучи чудно, но функционира. Всушност, ви треба нешто лепливо со што лесно ќе ги отстраните сите нечистотии и правот од површините Послужете се со post-it - секако само ви седи во фиока.

Ткаенина од микрофибер

Ова е несомнено најдобриот избор. Со оглед на тоа дека екранот ви е полн со отпечатоци од прсти, микрофиберот ќе ги отстрани сите траги на маснотии. Меѓутоа, внимателно бирајте го своето оружје, бидејќи поголем дел од ткаенините само ги размачкуваат таквите дамки.

Кога Apple го претстави Pro Display XDR, претставија и соодветна крпа во цена боја, изработена ексклузивно за екраните на најновите смартфони на Apple. Тоа е дефинитивно најдобриот избор, бидејќи се работи за средство за чистење наменето токму за телефоните на Apple.