Како да го калибрирате вашиот Apple Watch

Го користите Apple Watch за вежбање? Тогаш би требало да земете малку време и да го калибрирате својот уред за да бележи што е можно попрецизни мерења.

Сите кои редовно вежбаат ја знаат важноста на следење на резултатите, интензитетот на вежби, отчукување на срцето и слично. За тоа да го направите, важно е да го калибрирате својот Apple Watch за да собере што попрецизни податоци.

За почеток, внесете ги своите лични податоци и мерки во апликацијата Здравје. Висината, тежината, возраста и полот се првите детали кои ги бара секоја апликација за вежбање. За поточна тежина, BMI, процент на водата во телото, масата на коските, уделот на маснотии и варијациите во отчукувањето на срцето употребете паметна, како Body Cardio на Nokia.

Поставете локациска услуга

Откако ќе ги проверите сите лични податоци, можете на преминете на калибрирање на брзината и локацијата. Без оглед на тоа кој Apple Watch го имате, одете на Settings > General > Location Services и вклучете ги. Тука можете да изберете дали сакате да ја делите својата локација со другите.

Локациските услуги користат GPS, Bluetooth, WiFi хотспотови и мобилни кули за утврдување на вашата локација. Локациските услуги вредат и за вашиот iPhone.

Потоа земете го смартфонот и одете на Settings > Privacy > Location Services > System Services и проверете дали е вклучена опцијата Калибрација на движења и оддалеченост.

Ако имате Series 2 или понов модел на уред, тоа е се што треба да направите. Кога ќе ги одработите сите опишани чекори, можете да бидете сигурни дека вашиот Apple Watch ќе дава најпрецизни можни мерења. Во случај на Series 1 и 0, морате да поминете уште некои чекори, Овие модели немаат GPS модул, па морате да ги калибрирате за мерење на отворено.

Најпрвин одете надвор и побарајте некоја отворена рамнина, со достапен GPS. Земете iPhone и забележете најмалку 20 минути одење или трчање. Колку повеќе се движите, толку часовникот подобро ќе ви биде калибриран.

Секако, не треба да трчате маратон. Вака само му помагате на својот Watch да почне да учи како да го бележи вашето одење и должината на чекорите, со што мерењето на вашите вежби ќе биде попрецизно.

Ако ви се чини дека нешто не е во ред, земете го смартфонот, отворете ја апликацијата Watch и во менито Приватност одете на Ресетирај ги податоците на калибрирање.

Калибрирање на мерењето на отчукувањето на срцето

Можеби сте забележиле дека сензорот за мерење на отчукувањето на срцето на Apple Watch свети со зелено светло кога работи. Оваа зелена LED светилка на задната страна на уредот го надзира протокот на крв низ вените во вашиот зглоб. Се работи за метод, кој се темели на рефлектирање на светлината преку крвта. Имено, крвта е со црвена боја, бидејќи ја рефлектира таа светлина, но зелената светлина потполно ја впива. Кога протокот на крв ви е посилен и побрз, ги впива вашите зелени светлости. Така може да се утврди вашиот пулс.

Затоа е клучно часовникот да биде правилно позициониран на вашиот зглоб. За прецизни мерења, сензорот мора да биде во постојан допир со вашата кожа. Исто така, ременот не смее да биде пресилно затегнат, но немојте ни лабаво да ви виси на раката, посебно додека вежбате.

Немојте да заборавите да изберете вистинска вежба во затворен и отворен простор. Во случај на вежби во затворен простор, часовникот го употребува акцелерометарот, додека вежбите на отворено се потпираат на GPS.