Функцијата заклучување на активацијата (Activation Lock) го прави вашиот Mac уред далеку помалку привлечен за крадците. Во комбинација со новата апликација Find My во macOS Catalina и iOS 13, можете од далечина да го запечатите својот Mac во случај да го изгубите или ако ви е украден. Всушност, со помош на апликацијата Find My, можеби дури и ќе успеете да го лоцирате исчезнатиот уред, дури и ако не е поврзан на мрежата.
Заклучувањето на активацијата функционира исто како на iPhone, iPad, iPod touch или Apple Watch. Кога ќе ја вклучите таа функција, лицето кое ви го украло уредот нема да има никаква корист од него, бидејќи нема ни да може да го вклучи без вашиот Apple ID и лозинка.
Оваа функција е достапна на сите Mac модели со Т2 чип. Морате да имате инсталирано macOS Catalina 10.15 или понова верзија на системот, автентикацја во два чекори за вашиот Apple ID и овозможена опција Full Security за Secure Boot (и означената опција „Disallow booting from external media“ во одделот External Boot).
Следете ги нашите упатства за да научите како да проверите дали функцијата заклучување на активацијата е вклучена на вашиот уред.
Како да ја проверите функцијата заклучување на активацијата на Mac.
Еве што треба да направите:
- Во Finder одете на менито, па на About this Mac.
- Одете на System Report во табот Overview.
- Во левата колона, под опцијата Hardware, изберете Activation Lock.
Ако опцијата „Activation Lock status“ е вклучена, можете да бидете мирни. Од друга страна, ако оваа опција е оневозможена, не можете да сметате на таков облик на заштита во случај на кражба или исчезнување на својот уред.
Според Apple:
Функцијата заклучување на активацијата работи во позадина и отежнува несакано лице да го користи или продаде вашиот исчезнат уред, но и натаму можете од далечина да го заклучите својот уред со помош на апликацијата Find My и да го заклучите со единствена лозинка и да подготвите порака за било кој ќе го најде вашиот уред.
Ако ја вклучите опцијата Find My Mac, фукцијата на заклучување на активацијата автоматски ќе се вклучи. Тоа значи дека системот ќе ја бара лозинката на уредот или вашиот Apple ID ако сакате да ја исклучите услугата Find My, да го вратите уредот на фабрички поставки или да ги избришете сите податоци.
Статусот на функцијата заклучување на активацијата можете да ја проверите и на страницата за техничка поддршка на Apple.
Исклучување на функцијата заклучување на активацијата
Apple препорачува да ја исклучите оваа опција пред уредот да го испратите на сервис, или ако одлучите да го продадете или подарите. Уште повеќе, ако својот уред го донесете во Apple Store или кај авторизиран давател на услуги за Apple, ќе ве замоли да ја исклучите оваа опција, за да можат воопшто да му пристапат на уредот.
На тој начин, уредот повеќе не е поврзан со вашата Apple ID сметка. Тоа е клучно кога сервисерите ги заменуваат клучните делови на уредите, но и многу важно за купувачите кои сакаат да го користат вашиот уред, а тоа нема да можат ако системот ги бара вашите податоци и лозинка.
Ако имате пристап до својот Mac уред:
- Одете на System Preferences во главното мени.
- Кликнете на иконата Apple ID.
- Изберете iCloud.
- Изклучете ја опцијата Find My Mac.
- Кликнете на копчето за одјавување.
Ако немате пристап до својот Mac уред:
- Одете на iCloud.com и пријавете се со својата Apple ID сметка.
- Кликнете на иконата Find iPhone.
- Изберете ја опцијата All devices.
- На листата изберете Mac.
- Изберете ја опцијата Erase Mac, и кликнете понатаму додека уредот не биде избришан.
- За крај, кликнете на иконата X покрај вашиот Mac уред.
Така вашиот уред ќе биде избришан од далечина штом се поврзе на мрежата и повеќе нема да биде поврзан со вашата Apple ID сметка. Со вклучување и исклучување на опцијата Find My Mac, автоматски се вклучува и исклучува функцијата на заклучување на активацијата.
Го има ли мојот Mac уред T2 чипот на Apple?
Функцијата на заклучување на активацијата не е достапна ако вашиот уред има систем постар од macOS Catalina 10.15 или ако не е опремен со T2 чипот на Apple.
Системските информации ќе ви откријат дали вашиот уред има T2 чип. Најпрвин отворете го Apple менито во Finder, потоа одете на About This Mac. Потоа одете на табот General, па на System Report за да ја отворите апликацијата System Information.
Сега одете или на Controller или iBridge од левата страна на екранот. Ако на десната страна на екранот е напишано „Apple T2 chip“, вашиот Mac уред е опремен со T2 сигурносниот чип на Apple..