Меѓутоа, iOS верзијата на Quick Look има свои недостатоци. На пример, зададеното копче за таа функција не е достапна во прегледот во колони или преку делење на листови. Уште полошо е што притискањето на фајл некогаш резултира со отворање на Брз преглед, но некогаш и со отворање на самиот фајл. Затоа ќе ви објасниме како можете сами да создадете копче за Quick Look, кое работи на истиот начин како и зададеното копче, но значително подоследно, без отворање фајлови и кое е подостапно на повеќе места од зададената опција на Apple.
Функцијата Preview овозможува во апликацијата Files да отворите Quick Look на саканиот фајл, а притоа да не ја отворате апликацијата.
Само притиснете и држете го саканиот фајл за да отворите контекстуално мени, а потоа изберете ја опцијата Quick Look. Исто така, можете да го притиснете копчето Space на тастатурата поврзана со вашиот iPad за да ја активирате таа опција. Значи, како и на Mac компјутер.
За жал, оваа многу корисна опција не се појавува во другите прегледи кои се достапни во апликацијата Files. На пример, зададеното копче за Quick Look не е достапно во прегледот по колони (освен ако немате тастатура за iPad) и невозможно е да го пронајдете во мултифункционалниот преглед на iOS за споделување страници.
Помил ви е прегледот по колони во апликацијата Files од прегледот на икони или обичната листа? Штета, бидејќи во тој случај никаде не можете да го пронајдете копчето за Quick Look. Освен тоа, збунувачки е кога ќе го допрете фајлот и автоматски ќе ја отворите апликацијата наместо брзиот преглед.
За среќа, откривме дека сосема е можно да се додаде ново копче за Quick Look во менито за споделување страници во апликацијата Files, како и во прегледот по колони. Во продолжението на текстот ви донесуваме упатства да го изработите и така секогаш да имате пристап до Quick Look во рамките на апликацијата Files.
Како да креирате подобро копче за Брз преглед
Пред да можеме да ја користиме функцијата Quick Look во апликацијата Files, мораме да изработиме тек на работата во апликацијата Shortcuts кој ќе има само еден чекор, а потоа да направиме оваа акција да ги прифаќа сите облици на фајлови и да ги прикаже во делењето страници.
- Отворете ја апликацијата Shortcuts на својот iPhone или iPad со iOS 13 или понов систем.
- Притиснете го табот My shortcuts на дното.
- Притиснете Create shortcut или копчето Plus.
- Внесете „Quick Look“ во пребарувачот во колоната од левата страна.
- Одвлечете ја акцијата Quick Look од резултатите на пребарувањето и испуштете ја на десната страна.
- Притиснете го копчето „…“ на врвот на колоната од десната страна за да им пристапите на опциите.
- Овозможете ја опцијата Прикажи во Share Sheet, а за видот на делење поставете All.
- Исто така, тука можете да ги промените и другите опции на кратенки:
- Име: Именувајте ја својата кратенка.
- Икона: Изберете икона или боја за својата кратенка.
- Додади на Почетниот екран: Изработете икона на почетниот екран за избраната кратенка.
- Допрете Доврши за да завршите уредување на кратенките. Сега можете да ја користите оваа кратенка веднаш да прегледате било кој фајл во апликацијата Files, а да не треба да ја отворате апликацијата врзана за неа. Исто така, на корисната нова кратенка можете да и пристапите и во прегледот по колони.
- Отворете ја апликацијата Files.
- Притиснете го табот Прегледување, а потоа изберете една или повеќе ставки. Можете да допрете и да држите една ставка (или да допрете и држите било каде при изборот на повеќе ставки) и така да отворите контекстуално мени кое вклучува зададеното копче за Quick Look, како и претходно. А можете и да изберете фајл и да го притиснете копчето Space, ако сте поврзале тастатура со iPad. Но, како можете да му пристапите на Quick Look на фајловите преку менито за делење или прозорецот за прегледување во колони, дури и кога немате тастатура?
- Благодарение на нашата кратенка, тоа е многу едноставно! За броз да прегледате фајл преку менито за делење, притиснете ја опцијата Share и изберете ја нашата кратенка за Quick Look na листата. Ако пак сакате исто да го направите и од прегледот по колони, најпрвин отворете го тој преглед, така што ќе повлечете од горе од десниот дел на екранот и отворете ја алатната лента, на која потоа избирате преглед по колони. Сега притиснете го копчето „...“ и изберете ја кратенката за Quick Look која претходно сте ја креирале.
За да си го олесните животот, преселете ја кратенката на врвот на листата: отворете го контекстуалното мени, одете на Edit и променете го редоследот на услуги и апликации кои сакате да ги видите кога ќе го отворите менито за делење.
Како е ова корисно?
Сигурно се прашувате која е целта на посебната кратенка за Quick Look кога веќе постои истата зададена опција. Како што претходно објаснивме, ова зададено копче не е видливо во сите ситуации во апликацијата Files.
Еве што можете да правите со нашата акција на брз преглед, а што не можете со зададената опција:
Отворете го Quick Look преку менито за делење: Овозможивме прикажување во делењето страници, па сега можете да изберете било која ставка во апликацијата Files, да го допрете копчето за споделување и да ја изберете кратенката за Quick Look за да го прегледате избраното. Отворете Quick Look во погледот во колони: Новиот преглед во колони во апликацијата Files е многу корисен, а сега можете лесно да го отворите Quick Look преку менито означено со три точки.
Постои уште една предност на оваа наша кратенка во однос на зададената опција, а тоа е дека на врвот на вашиот сегашен преглед се појавува Quick Look, за разлика од зададената опција, која ги прикажува податоците само преку целиот екран.