Како да ја поставите и користите опцијата Одговори со порака на iPhone

Го знаете она кога ви ѕвони телефонот, но не можете да се јавите? Можеби сте на состанок, возите или сте во кино. Во такви случаи, iPhone ви нуди корисна опција за одговарање преку однапред подготвена порака. Се работи за опцијата Одговори со порака, а ние ви донесуваме уптаства како да ја поставите и користите.

До саканите поставки можете да стигнете во три едноставни чекори.

  1. Отворете ги поставките.
  2. Одете на Телефон.
  3. Притиснете Одговори со порака.

Смислете порака со која во најголем број од ситуациите би можеле да одговорите или изберете некоја од понудените пораки која ви одговара. Можете да користите три различнми пораки или пак да изберете само една. 

Ако самите сте смислиле пората, внесете ја, па притиснете Телефон и вратете се во Поставките.

Сега, кога не сте во ситуација да го примите повикот, лесно можете да одговорите со подготвена порака.

  1. Кога ќе го примите повикот, притиснете Порака.
  2. На дното ќе се прикажат одговорите кои сте ги подготвиле. Едноставно притиснете го оној кој сакате да го испратите и тој веднаш ќе му се испрати на повикувачот.