Како да креирате аудио записи на Apple Watch

Апликацијата Voice Memos може да биде многу корисна, бидејќи ви овозможува снимање на аудио записи или снимање разговори, односно нечиј говор. Тоа е наједноставен начин на водење на белешки на Apple Watch. Освен тоа, овие снимки се синхронизираат со вашиот iPhone, iPad и Mac кога користите ист Apple ID на сите тие уреди.

За да снимите запис, отворете ја апликацијата Voice Memos на својот Apple Watch. Притиснете го црвеното копче за снимање за да го почнете снимањето, и повторно допрете го кога сте готови.

Многу е лесно да се управува со снимениот материјал. Само отворете ја апликацијата Voice Memos, допрете ја саканата снимка па направете нешто од следното:

Преслушување: Притиснете го копчето Play за да ја пуштите снимката. Ако сакате, можете и да ја паузирате. Со помош на стрелките покрај копчето за репродуцирање можете да ја префрлате снимката нанапред и наназад.

Промена на името: Допрете го името на снимката и изберете Диктирање или Scribble за да ја преименувате вашата снимка.

Бришење: Притиснете ја иконата три точки на дното и изберете Избриши.

Пристапување до снимката: Исто така, можете да ги преслучувате и снимките кои сте ги снимиле на другите уреди. Само цврсто притиснете го екранот на Apple Watch, па изберете Снимки на часовникот или Сите снимки.