Секогаш е тешко да се запаметат сите тие податоци, а посебно податоците од кредитните картички кои ни требаат при купувањето преку интернет на веб-страниците кои не поддржуваат Apple Pay. Функцијата iCloud Keychain ви овозможува да креирате и да ги складирате сите свои пријави и лозинки, како и личните податоци и податоци за кредитните картички, така што можете полесно да извршите купување преку интернет.
Исто така, важно е да се напомене дека секогаш треба да имате и секундарна опција за складирање на лозинките и споменатите податоци, за секој случај. Ако не можете да и пристапите на својата iCloud стапка, дополнителниот менаџер на лозинки ќе ви заштеди многу мака.
Како да креирате случајна лозинка преку iCloud Keychain на iPhone и iPad
Никогаш не би требало да ја користите истата лозинка на повеќе места. За жал, тоа обично значи дека имате десетина лозинки и исто толку сметки и профили. Наместо секој пат да пробате да смислите доволно силна лозинка, препуштете му го тоа на iCloud Keychain.
- Отворете го Safari на својот iPhone или iPad.
- Одете на интернет страницата за која сакате да изработите податоци за пријава.
- Изберете поле за внес на лозинката.
- Допрете Предложи лозинка веднаш над тастатурата.
- Кога ќе се појави случајна лозинка, допрете Употреби ја понудената лозинка.
Како да пристапите до лозинките во iCloud Keychain на iPhone и iPad
Ако не можете да ја користите корисната опција на автоматско пополнување на iPhone (некои страници не ја поддржуваат таа функција), и натаму можете да им пристапите на своите податоци во апликацијата Settings.
- Отворете ја апликацијата Settings на својот iPhone или iPad.
- Допрете Passwords & Accounts. (Лозинки и Сметки).
- Допрете Website & App Passwords.
- Употребете го Touch ID ако тоа го бара системот.
- Кликнете ги податоците за пријава за саканата интернет страница.
- Допрете и држете ја лозинката за да ги повикате опциите за копирање.
- Допрете Copy за да ја копирате лозинката.
Ако имате долга листа на лозинки, можете да ја побарате онаа која ви треба преку полето за пребарување на врвот на страницата со лозинки.
Како да избришете снимена лозинка од iCloud Keychain на iPhone и iPad
- Отворете ја апликацијата Settings на вашпиот iPhone или iPad.
- Допрете Лозинки и Сметки (Passwords & Accounts).
- Допрете Лозинки на интернет страници и апликации (Website & App Passwords).
- Употребете го Touch ID ако тоа го бара системот.
- Кликнете ги податоците за пријава за саканата интернет страница.
- Допрете Уреди во горниот десен агол.
- Под интернет страница, допрете ја црвената икона покрај името на страницата.
- Кликнете Избриши десно од името на интернет страницата.
- Лозинката ќе биде отстранета од iCloud Keychain и повеќе нема да можете да и пристапите.