Како да поставите Safari на Mac секогаш да се отвора со прозорците од последната сесија

Ако секој ден во Safari продолжувате да работите на она на што сте застанале претходниот ден, знаеме како можете да си ги олесните вашите утра. Можеби секогаш работите во иста апликација, или пак денот го почнувате и завршувате со истата онлајн програма за е-пошта.

Секако дека сите страници можете да ги означите, но постои уште едно решение. Еве како да поставите Safari на Mac секогаш да се отвора со прозорците од последната сесија.

Променете ги поставките на Safari

Отворете го Safari на својот Mac уред и следете ги следните чекори:

  • Кликнете нa Safari во менито.
  • Кликнете на Preferences.
  • Кликнете на General во скокачки прозорец.
  • Во паѓачкото мени покрај опцијата Safari opens with изберете All windows from last session.

Недостасува оваа поставка? 

Ако не ја гледате опцијата Safari opens with, веројатно сте ја исклучиле опцијата Затвори ги прозорците при затворањето на апликацијата (Close windows when quitting an app).

  • Во менито одете на иконата Apple, па на Поставките на системот.
  • Одете на General.
  • На дното вклучете ја опцијата Затвори ги прозорците при затворањето на апликацијата.

Излегување од Safari

Ако сте се навикнале да го затворате Safari со притискање на црвеното копче X во горниот лев агол, нема да можете автоматски да ги отворите прозорците од полседната сесија.

  • Отворете Safari и кликнете на Safari во лентата на менито.
  • Изберете Quit Safari.

Или

Ако Safari ви е отворен во Dock, можете од таму да ја затворите апликацијата.

  • Држете го копчето Control и кликнете на било кое копче од глувчето на Safari.
  • Изберете Quit во менито.