Како да се даде предност при преземањето и ажурирањето апликации на iPhone

Дали некогаш истовремено сте преземале или ажурирале поголем број апликации, и одеднаш сте сфатиле дека една од нив морате што побрзо да ја употребите? iOS има функција која ќе ви се допадне: сега можете да и дадете предност на една од апликациите кои се преземаат да се појави на почетокот на редот.

Ако сте поставиле автоматско ажурирање на апликациите на својот iOS уред, веројатно нема често да се најдете во ситуација одеднаш да ажурирате голем број апликации. Сепак, тоа знае повремено да се случи. Можеби само што сте го ажурирале целиот систем, па за големиот број апликации одеднаш се достапни нови ажурирања.

Оваа функција функционира само на iPhone и iPad уредите со 3D Touch. Ако истовремено се ажурираат голем број апликации, а вие сфатите дека една од нив итно ви е потребна, цврсто допрете ја таа апликации за да го отворите менито.

Кога истовремено преземате поголем број апликации, ви се чини дека тоа трае цела вечност. Можеби го поставувате новиот уред, па морате да преземете голем број работи, а можеби некое време сте ги занемарувале редовните ажурирања, па сега ви дошле на наплата.

При преземањето апликации, нивниот редослед е воглавно случаен. Но, ако сакате најпрвин да се преземе апликацијата за мејл, додека игрите можат да чекаат, постои начин да и дадете предност и така да ја забрате целата постапка на преземање.

Приоритизирајте ги избраните апликации при преземањето на iPhone

Кога апликацијата ќе почне да се презема, тоа ќе го видите на екранот. Значи, кога ќе се појави оној круг што се свртува, дајте и на таа апликација приоритет со помош на 3D Touch. Допрете ја апликацијата и продолжете да ја држите притисната. Кога ќе се појави менито, изберете Приоритизирај го преземањето.

Ќе ја примените и опцијата Паузирај го преземањето. Ако ја изберете таа опција, можете да го одложуте преземањето. Притоа ќе го видите малиот симбол за пауза на апликацијата, а наместо нејзиното име ќе пишува Паузирано. Ова е корисно за оние апликации кои сакате последни да ги преземете. Кога сте подготвени да продолжите со преземањето, само допрете ја апликацијата.

Секако, ако сте се предомислиле и повеќе не сакате да ја преземете избраната апликација, секогаш постои и опцијата Поништи го преземањето.