Обновувањето на вашиот iPhone е процес во кој го враќате уредот на зададените фабрички поставки и повторно инсталирајте го оперативниот систем. Можете да го обновите својот iPhone така што ќе го поврзете со компјутер преку USB кабел, ќе го покренете iTunes и ќе го притиснете копчето Обнови.
Можеби сакате да го обновите вашиот iPhone за да го поправите, да ги подобрите перформансите или да ја промените сопственоста. Со самата постапка автоматски ќе го ажурирате оперативниот систем на уредот на најновата верзија.
Ако вашиот iPhone повеќе не работи поради проблем со iOS, поради проблематична инсталација на некоја апликација, проблем со софтвер или хардвер, можеби ќе трева да ги обновите своите уреди за да го поправите.
Пред да почнете со постапката на обновување, пробајте ги сите други, помалку деструктивни методи на поправка, како гаснење и повторно вклучување на уредот, или пак ресетирањето при кое истовремено го држите копчето Home и копчето за вклучување, додека на екранот не се појави логото на Apple. Враќањето на уредот на фабрички поставки треба да го изберете само ако сте ги исцрпиле сите други методи, а вашиот уред и натаму е неисправен.
Ако не можете да му пристапите на компјутерот, а вашиот уред и натаму работи, можете да ја извршите постапката на обновување без компјутер, така што ќе одите на Settings > General > Reset > Delete all content and settings. Така ќе го исчистите iOS, но нема да го ажурирате на најновата верзија.
Ако вашиот уред не реагира, можете да го обновите преку iTunes. За тоа да го направите, следете ги следните чекори:
- Отворете iTunes на Mac или PC компјутер. Ако немате пристап до компјутер, а уредот се уште работи, избришете го или обновете го уредот без компјутер.
- Поврзете го iPhone, iPad или iPod со компјутер со помош на кабелот приложен со уредот.
- Ако се појави порака која од вас бара лозинка за уредот или да ја потврдете ја опцијата Да му верувате на овој компјутер, слете ги упатствата на екранот. Ако сте ја заборавиле лозинката, побарајте помош.
- Изберете го својот iPhone, iPad или iPod, кога ќе се појави во програмата iTunes. Ако уредот не реагира или не се вклучува, дознајте што да направите. Ако уредот не се појавува во iTunes, побарајте помош.
- Во табот Резиме кликнете ја опцијата Обнови.
- Повторно кликнете Обнови за потврда. Потоа iTunes го брише вашиот уред и ја инсталира најновата верзија на iOS или iPod софтверот.
- По обновувањето на фабричките поставки уредот повторно ќе се покрене. Сега можете да поставите како да е сосема нов.