Ова е посебно корисно додека вежбате или сте во прошетка. Нема потреба да чепкате по iPhone уредот, уживајте во музиката само со помош на Apple Watch
Употреба на екранот на моментната репродукција на Apple Watch
Кога на вашиот iPhone свири песна, ќе видите знак и на врвот на екранот на својот Apple Watch.
Допрете го и можете да ги користите следните контроли:
- Притиснете го копчето во средина за пауза и свирење.
- Префрлете се на следната или претходната песна со стрелките напред и назад.
- Употребете го копчето за AirPlay за да ја испратите песната на друг поврзан уред.
- Со помош на копчето на менито поставете случаен редослед, повторување или префрлете се на друга песна.
- Со помош на копчето Повеќе, отстранете, ставете палец горе/долу и прегледајте го албумот или плејлистата.
- Со помош на дигиталната круна управувајте со гласноста.
Пуштајте различна музика на својот iPhone
Ако сакате да се префлите на друга плејлиста или албум од својата музичка колекција, тоа можете да го направите со неколку допири.
- Притиснете го симболот Now Playing за да ги отворите управувачките контроли.
- Допрете го името на песната. Тогаш стрелката на врвот ќе се претвори од сина во црвена. Допрете ја.
- Би требало да ја видите листата Now Playing, Плејлисти, Артисти, Албуми и Песни. Со допир изберете што сакате.
Управувањето со музиката на iPhone преку Apple Watch е корисно и лесно. Без разлика дали користите слушалки или звучник, овие опции се доволни да уживате во музиката која ја сакате.