Како работи iPad 5 три години од лансирањето?

Петтата генерација на iPad беше лансирана во март 2017. година и претставуваше последен збор на техниката кога зборуваме за тогаш актуелната понуда на таблет уреди.

Уредот имаше LCD екран од 9,7 инчи, простор за складирање од 32 GB и 2 GB RAM меморија, како и А9 процесор со две јадра, како и iPhone 6S. Во нашата компанија беше корисен како мултимедијален уред за управување со сите мејл пораки.

Во текот на последните три години го користевме секој ден. Беше исклучен само кога беше потребно ажурирање. Батеријата редовно ја дополнувавме, а од заштитна опрема во вид на маски или фолии за екранот не користевме ништо. Кога станува збор за софтверот, никогаш не се применети ни hard reset, ниту чиста инсталација.

Го користевме како и секој друг уред. Затоа по три години одлучивме да провериме во каква состојба е овој таблет и да ви ги пренесеме нашите објективни впечатоци. Како е хардверот? Дали е побавен? Дали силата на батеријата е намалена по секојдневното полнење во текот на овој тригодишен период?

Петтата генерација на iPad и ден денеска работи неверојатно брзо. Само понекогаш се јавува понекој застој, како на пример, кога ќе заротирам екранот при стартувањето на видео снимка. Меѓутоа, системот одлично функционира и нималку не е бавен. Апликациите во многу краток временски период се отвораат и сите анимации работат без никакви пречки.

Затоа се охрабривме да инсталираме уште неколку игри за дополнително да го оптовариме системот кој го тестираме. Grid Autosmart работи на средна графика. Дури и на максимални перформанси функционира задоволително. COD Mobile солидно функционира со препорачаните подесувања, а Grimvalor одлично работеше на максималните перформанси, баш како и Grid Autosmart. Со претераната употреба доаѓа до побрзо загревање, што и не е така необично, бидејќи се работи за постар хардвер.

Затоа само дел од нашата кратка анализа посветивме на состојбата на батериајта. Овој уред се појави со интегриран iOS 10, a оригиналната батерија му е стара околу три години. Од тогаш оперативниот систем константно се усовршуваше и стануваше се посложен, а толкавиот број на виклуси на полнење во никој случај не можеше да ги подобри пеформансите на батеријата. Затоа и не чуди фактот што на таблетот му е потребно полнење и во текот на работниот ден. Батеријата трае неколку часа, што е задовилителен факт, со оглед на тоа дека се работи за уред чија батерија има капацитети сразмерни со неговата големина.

По толку време, тоа е навистина задоволително. Повеќе не изненади состојбата на екранот по толку години константно користење и абење. Изгледа како релативно неодамна да е распакуван од оригиналната кутија.

Во заклучокот слободно можеме да кажеме дека нашиот iPad и натаму е одличен уред, кој работи без никакви проблеми и ограничувања. Но, ако сакате да монтирате и уредувате видео снимки, да извршувате повеќе задачи во исто време или да играте комплексни игри, iPad од петатта генерација, сепак, не е уред кој треба да биде вашиот прв избор.