Како рачно да напишете нова порака на Apple Watch

Освен прегледите на историјата на допишување, можете да почнете и нови разговори. А со помош на функцијата Scribble на Apple Watch, можете рачно да пишувате нови пораки.

Поголем дел од нас најчесто ги прегледува известувањата и пораките на Apple Watch, па потоа користи iPhone за одговарање. Можеби не ни знаете дека нови разговори можете да почнете и на самиот часовник. Во тоа може да ви помогне функцијата која Apple многу добро ја скрил.

За да почнете нов разговор:

  • Отворете мени на Apple Watch.
  • Притиснете ја апликацијата Messages.
  • Цврсто притиснете ја средината на екранот.
  • Допрете ја опцијата Нова порака.

Можете да ги избирате примателите со гласовна наредба, да ги избирате од именикот или од неодамнешните разговори. За одговор можете да бирате помеѓу автоматска порака, диктирање или Scribble.

Опцијата Scribble е претставена со watchOS 3, со што е овозможено да внесете текст со ракопис. Секако, оваа опција се уште е достапна само на англиски, па морате да го промените влезниот јазик.

  • Отворете го менито на Apple Watch.
  • Притиснете ја апликацијата Messages.
  • Отворете било кој разговор.
  • Цврсто притиснете ја средината на екранот.
  • Допрете ја иконата на глобусот и изберете англиски како влезен јазик.

Потоа ќе можете да изберете Scribble за креирање нова порака, и своите одговори ќе можете да ги пишувате со рака, без посебни симболи или акценти.