Како всушност се полнат Airpods слушалките?

Колку е потребно втората генерација на AirPods да се наполни од 0 до 100 проценти? Кој е редоследот на полнење на уредот? Колку сила одзема? Благодарение на еден ентузијастичен корисник, ги имаме сите одговори!

AirPods слушалките целосно го револиционаризирале пазарот на безжични слушалки. Во текот на последниот разговор со инвеститорите, Tim Cook овој производ го нарече културен феномен. На улиците можете да видите се повеќе (вистински и лажни) AirPods, а тој уред во најбрз рок стана омилен додаток за корисниците на Apple.

Се работи за прилично едноставен уред кој ви овозможува управување со неколку функции и ви пружа различни повратни информации. Принципот на работа не е сложен, лесно се употребува и лесно е да го засакате. Меѓутоа, тешко е да се каже било што паметно за неговите технички спецификации, која речиси ништо не знаеме за нив. Apple, имено, е многу шкрт кога се во прашање такви информации за овие слушалки.

Тука првенствено го вбројуваме полнењето. Како тоа функционира? Треба ли да употребувате побрз полнач? Какви алгоритми користи? Сите тие прашања го заинтригираа корисникот со прекар colinstarter, кој своите размислување ги сподели на Reddit. Целосно ги испразни своите слушалки, а потоа ги наполни до крај, притоа будно следејќи го секој момент од тој процес. Ја користеше втората генерација на AirPods и оригиналниот Lightning кабел на Apple и адаптер од 5 W. На фотографијата го пренесуваме неговиот графикон, а во продолжение и сите заклучоци.

Еве што научивме:

  • Системот прво ги полни само слушалките, а кога ќе се наполнат 20%, почнува да се полни и кутијата.
  • Полниот циклус на кутијата трае 2 часа.
  • Во првите 3,5 минути, слушалките се полнат со “турбо” брзина од 2,35 W.
  • За полнење на слушалките и кутијата биле потребни 2,5 W.

Зошто е ова важно? Бидејќи јасно покажува дека нема многу корист од полнење со побрз полнач. Полначот од 5W е и повеќе од доволен, а USB полначот за автомобил функционира сосема солидно. Логично е можноста за безжично полнење да е претставена со овој уред, бидејчќи оваа помалку ефикасна технологија совршено функционира во овој случај. Јас не сум навикнат безжично да полнат својот iPhone, но AirPods слушалките секогаш ги полнам на тој начин.

Добро е да се знае дека слушалките први се полнат, бидејќи тоа значи дека можат да се употребуваат по само неколку минути полнење. Уште поинтересна информација е дека ако го отворите капакот на кутијата во текот на полнењето, ќе ви одземе повеќе енергија во следните три до четири минути.

Но, ако истовремено ги полнеме слушалките и кутијата, дали слушалките побрзо ќе се наполнат? Мислам дека да, само прашањето е колку. А дали кутијата наполнета 90 проценти побрзо ќе ги полни слушалките од помалку наполнета кутија?

Како вие ги полните AirPods? Одвоено? Заедни? Било кога или кога батеријата ќе се испразни? Дали сте забележале пад на квалитетот на звукот кога батеријата е послаба од 20 %? Ако сте се префрлиле на втората генерација на уредот, дали забележувате разлика?

Извори: Reddit, iDownloadBlog