Колку всушност е моќен 2018 MacBook Pro? | МЕГАТЕСТ

Новиот MacBook Pro е снажен како бик. Новиот MacBook Pro е слаб како маче. Ширум интерент наидуваме на овие две мислења. Но, која е вистината? Одлучивме да одговориме на тоа прашање во нашиот гигантски тест на перформансите. Во некои ситуации навистина се изненадивме.

MacBook Pro. Pro е кратенка за професионално. Но, што значи „професионална употреба”? Очигледно тука влегуваат многу работи, но поголем дел од тестовите на перформансите – како европските, така и светските – завршуваат на едитирање видеа. Добро, тоа сигурно е најспектакуларен начин да се демонстрира вистинската сила на хардверот и секако дека сите влогери кои ги прават тие тестови знаат најдобро да уредуваат видеа.

Но, што е со другите употреби? Како новиот MacBook Pro се однесува во останатите ситуации? Тоа ние ќе ви го откриеме! Ги земавме новите 13 и 15-инчни MacBook Pro. Исто така, ги земавме и 13 и 15-инчните MacBook Pro уреди од 2016. За помош му се обративме на нашиот колега Виктор со кој соработувавме на разни проекти. Се што треба да знаете за него е дека студирал дизајн и знае се за 3D дизајнирањето на апликации и рендерирање, па е совршен човек за мачење на овие компјутери.

Заедно поставивме полигон за MacBook уредите. Пречките вклучуваа борење со 3D сликите и анимации, мачење на графичките перформанси, мало експортирање на слики и создавање на музика со Logic Pro X. Да погледнеме како уредите се носеа со тоа.

Фиксни 3D Фотографии

Кога почнавме со првиот тест, знаевме дека ни треба посложена задача за моќните машини на Apple. За разлика од програмите за уредување видеа, кај програмите за 3D рендерирање потребно е многу прецизно наштимување за да се добијат што подобри резултати во што е можно пократок период. Виктор го користи Keyshot Pro 7, на кој му е потребен само процесорот за сите пресметки. Оваа програма за рендерирање беше совршен избор бидејќи во случајот на бројните апликации за уредување, методите на пресметување не се познати. Вака можеше да се употреби максималниот капацитет на јадрата на процесорот.

Keyshot e многу логичен и едноставен за употреба. На резултатот многу влијаат резолуцијата на сликата, излезниот формат и количината на примероци, па најдобро е да се насочите на нив. За првиот тест прилично ја намаливме количината на примероци, но тоа е совршено за споредување. Првиот предмет на тестирање беше примерот на проектот јавно достапен на страницата Keyshot.

Она што нам лично ни запна за око е дека нема значајна разлика помеѓу овој 15-инчен и основниот 13-инчен модел. Поголемиот малку подобро ја одработи задачата, но ни малиот немаше проблеми да се носи со него. Првиот студен туш беше откритието дека новиот 13-инчен модел до темел го совлада 15-инчниот основен модел од 2016. На постариот 13-инчен модел му требаше двојно повеќе време за рендерирање. Помеѓу стариот и новиот 15-инчен модел беше голема разликата – и тоа 62 проценти во корист на годинашниот модел.

3D Анимации

На бранот на ентузијазмот ја испробавме истата програма за рендерирање, но за анимации. Се одлучивме за тестниот фајл кој е јавно достапен и повторно го покренавме тестот. Виктор веруваше дека тоа е совршена прилика хардверот добро да се испоти, па избра малку посложена секвенца. На снимката можете да го видите лаптопот како изведува многу сложени акции со малку заматување во движењата и промените на бои. Оваа задача подразбира повеќе капацитет и време од просекот.

Додека компјутерите работеле, будно внимававме на промнеите во clock брзината и температурата на CPU на секој компјутер. Веднаш видовме дека новиот MacBook Pro e поврамнотежен по надградбата, со што им се приближи на очекуваните вредности. Уште повеќе, неговата clock брзина постојано беше над 2,2 GHz, додека стариот модел не можеше да го одржи тоа темпо по 5-10 минути работа и кај него забележавме огромни осцилации во перформансите. Можеби затоа моделите од 2018. година така спектакуларно победија. Еве ги резултатите:

Како што гледате на графиконите, добивме идентични резултати како и во случајот на фиксните фоотографии. Сите четири компјутери мораа да се борат со Full HD анимација со 331 фрејма, и четирикратно семплување во секој фрејм. Разликата помеѓу новите модели беше 50 проценти, помеѓу 15-инчните модели 78 проценти, а помеѓу стариот 15-инчен и новиот 13-инчен модел 19 отсто во корист на годинашниот уред. Понатаму, тој модел беше два пати побрз од својот претходник од 2016.

Графички перформанси

Штом завршивме, одлучивме да ги пуштиме компјутерите малку да се одморат додека ние ја играме Diablo III. Идејата ни беше целосно спонтана, а сакавме да провериме што гејмерите можат да очекуваат од новиот лаптоп на Apple. Кога веќе купувате компјутер за толку пари, совршено е прифатливо да има и добра основа за игри. Меѓутоа, знаеме дека новите Mac компјутеро не се за играње, бидејќи никогаш не ја добија најснажната видео картичка на пазарот. Но, зар не би било добро да може да се играат игри на лаптопот, па да не треба да купувате десктоп компјутер или графичка конзола?

Го избравме Diablo III. Од една страна, се работи за многу популарна игра, а од друга страна, ссодветниот fps е клучен ако сакате успешно да ги десеткувате своите непријатели. Мораме да додадеме дека оваа игра не го употребува Metal 2 API, туку OpenGL, па не е баш оптимизирана за Mac. Не очекувавме ништо спектакуларно од 13-инчните модели, бидејќи двата ја имаат интегрираната Iris картичка на Intel. Иако изданието од 2018. доаѓа со двојно повеќе eDRAM, па сега имаме 128 MB, тоа не прави некоја голема разлика во текот на играњето.

На резолуција од 2880×1800 пиксели и средни поставки, перформансите од 21 fps се покажаа како просечни. Но, штом малку ја намаливме резолуцијата, успеавме да достигнеме 50 fps, што не е лошо за толку мала машина. 15-инчните модели беа сосема друга приказна, а помеѓу новиот и постариот модел постои значајна разлика во хардверот. Не интересираше дали зголемувањето на VRAM од 2 GB на 4 GB прави некаква разлика. Нашите молитви беа залудни, немаше значајни проблеми, а резултатите беа слични на првите.

На средни поставки играта работеше на 30 fps, што значи дека новиот лаптоп работеше за 10 fps подобро од стариор, а имаше подобри резултати и кај максималниот fps. Но, се работеше за ситно подобрување, а не забележавме некои други промени. Додека работевме на Diablo тестовите, ги отворивем и Unigine Heaven тестовите. Според нив, би требало да очекуваме разлика од 54 проценти помеѓу стариот и новиот 15-инчен уред и 20 проценти помеѓу 13-инчните.

Таа разлика не ја видовме во текот на играњето. Можеби во прашање е недостаток на оптимизација, и некоја игра која има Metal 2, како World of Warcrafta, би постигнала подобри резултати. Но, ние сметаме дека ке се очекуваат некои позначајни подобрувања во случајот на овие компјутери. Ако Apple се држи до AMD GPU и интегрираното Intel решение, вистинските промени можеме да ги очекуваме дури за две години, или подоцна.

Експортирање во Lightroom

Со оглед на тоа дека фотографите ги обожуваат уредите на Apple, ја избравме апликацијата која најчесто ја користат, Lightroom. Иако ажурирањето со поправките на грешки не можеше со магија да го врати влезот за SD картичка на уредот, се надеваме дека на колегите фотографи ќе можеме да им зборуваме за бројните подобрувања. Земавме промо албум од 500 слики со висока резолуција, го уфрливме во Lightroom и го применивме истиот ефект на сите нив.

Ги избравме основните работи: температура, тонови, острина, хроматска аберација и vignetting. За output го избравме 16-битниот TIFF формат со DP3 управување на бои и вредности на подолгиот крај од 1000 72 ppi. Во овој случај повторно победи новиот 15-инчен модел, и тоа со подобрување од 49 проценти во однос на моделот од 2016. Новиот 13-инчен модел се најде на второт место, со 40 проценти подобри перформанси во однос на својот претходник и 27 отсто во однос на својот поголем брат. Во овој поглед, доминацијата на новите уреди не беше спектакуларно голема.

Logic Pro X overload

За крај, се посветивме на еден од најпопуларните програми за компонирање музика, Logic Pro X. Kako Final Cut, и ова е стандардна апликација на Apple која лесно може да им биде конкуренција на големите имиња како Ableton или Pro Tools. Искрено, никој од нас не е стручњак за музика и се уште никогаш вака детално не сме ги користеле ваквите апликации

Во оваа споредба сакавме да видиме колку пати можеме да ја свириме истата снимка истовремено, пред системот да не предупреди на преоптоварувањето на процесорот. Не очекувавме ваква разлика, но новите MacBook Pro суверено доминираа. За овој тест го избравме Evan Logic Multicore Benchmark, ако можеби сте слушнале за него.

Беше неверојатно – 15-инчниот модел доригна преоптоварување со 165 песни, што одговара на 12-јадрен Mac Pro. 15-инчниот модел од 2016. можеше да достигне само 80 песни, што значи дека новиот модел е двојно поснажен во овој поглед. Како тоа да не е доволно, 13-инчниот компјутер се најде на второто место со 48 проценти повеќе песни на истите поставки. Тука доаѓаме и до најголемата забележана разлика при целокупното тестирање, и тоа помеѓу 13-инчните модели, која изнесуваше 170%.

Заклучок

Знаевме дека новите машини се многу брзи, но додека експортиравме видеа на нив, не можевме да го знаеме конкретниот пораст во перформансите. Нашите тестови покажаа дека помеѓу двата поголеми модела генералната разлика е 50 проценти. Но, за апсолутен победник на ова натпреварување го прогласуваме 13-инчниот MacBook Pro од 2018, кој му го украде ѕвездениот статус на својот поголем брат и повеќе пати ги порази двата свои претходника.

Помалиот му го дадовме на Виктор на тридневно жестоко тестирање, и тој остана многу изненаден од неговата сила во однос на уредите кои веќе ги има. Иако не го подготви текстот со целокупната рецензија, ни рече дека неговиот моќен iMac 2012 (кој само што планира да го замени) два пати загубил од оваа мала машина и тоа во тестовите за перформансите на процесорот.