Истовремена работа со повеќе апликација преку Dock
Dock ви овозможува брзо да ги стартувате апликациите и веднаш да се префрлате од една во друга. Можете да ја прилагодите левата страна на Dock-от со своја омилена апликација, а на десната страна можете во исто време да ги видите неодамна користените апликации и оние кои се ги отворале на својот iPhone или Mac.
Dock ќе го пронајдете на дното на почетниот екран. За да го видите Dock-от додека користите некоја апликација, повлечете со еден прст од долниот раб на екранот нагоре додека не се појави Dock, а потоа пуштете.
За да го персонализирате својот Dock, цврсто притиснете ги апликациите чиј редослед сакате да го промените и поместете ги на левата страна на Dock-от.
Користете две апликации во исто време
Dock го олеснува управувањето на повеќе апликации во исто време. Повлечете некоја апликација од Dock за да го добиете Slide Over или повлечете ја на десна или лева страна на екранот за да го отворите Split View. Во начинот на работа Slide Over можете да работите со повеќе апликации, додека Split View приказот ви овозможува истовремено да гледате две апликации, а во приказот слика во слика да гледате филм или да го користите FaceTime, се на истиот екран.
Отворете друга апликација во приказот Slide Over
Користите го приказот Slide Over за да работите во апликација која се прикажува пред било која отворена апликација, дури и пред две апликации прикажани во начинот на работа Split View.
Еве како тоа можете да го направите:
- Отворете ја апликацијата.
- Со прстот поминете од долниот раб на екранот нагоре за да го отворите Dock.
- На Dock притиснете друга апликација која сакате да ја отворите, држете ја, а потоа повлечете ја на екранот.
Користете го Slide Over во приказот Split View:
- Ако работите со две апликации во Split View, а сакате да отворите трета аплликација во Slide Over, со прстот поминете од долниот раб на екранот нагоре за да се отвори Dock. Потоа апликацијата повлечете ја на врвот на разделникот на апликации.
- За да преместите апликација која е отворена во функцијата Slide Over, допрете и притиснете ја иконата во облик на цртичка, а потоа повлечете ја на десната односно левата страна на екранот.
- Апликација отворена во Slide Over можете да ја повлечете од екранот и да ја вратите кога и да посакате. Прстот едноставно поставете го на иконата во облик на цртичка и апликацијата повелечете ја надесно надвор од екранот. Кога таа апликација повторно ќе посакате да ја користите, со прстот поминете од десно накај лево на екранот.
Функцијата Slide Over ви овозможува користење на повеќе од една апликација додека сте во Split View приказот. За да се префрлите од една апликација во друга отворена во функцијата Slide Over, повлечете ја иконата во облик на цртичка во десна или во лева страна. За да затворите една апликација во Slide Over, повлечете нагоре преку иконата во облик на цртичка во средина на екранот за да видите кои се апликации ги имате отворено, а потоа повторно повлечете ја апликацијата која сакате да ја затворите.
Истовремено користење на две апликации во Split View
Додека го користите Split View, можете да проверите две апликации во исто време.
- Отворете ја апликацијата.
- За да го отворите Dock, со прстот поминете од долниот раб на екранот нагоре.
- На Dock допрете и држете ја втората апликација која сакате да ја отворите, а потоа повлечете ја од Dock на десната или левата страна од екранот.
За да го прилагодите Split View:
- За да оставите еднаков простор на екранот за апликации, разделникот на апликации повлечете го на средина на екранот.
- За да го префрлите во Slide Over, со прстот поминете од врвот на апликацијата надолу.
- За да го затворите приказот Split View, разделникот на апликации повлечете го преку апликацијата која сакате да ја затворите.