Минатогодишниот MacBook Air доби True Tone екран, што значи дека бојата на тонот на дисплејот сега автоматски се прилагодува на амбиенталното осветлување, што користењето на овој лаптоп го прави попријатно. Тоа е единствената промена во техничките детали на уредот, која досега беше забележана.
Меѓутоа, основниот 13-инчен модел на MacBook Pro, единствениот MacBook Pro без Touch Bar, сега е опремен со оваа функција. Покрај Touch ID - баш како и во помоќните модели - и T2 сигурносниот чип претставен во MacBook Air моделите сега е додаден кај сите MacBook лаптопи.
Исто така, наместо 7. генерација на двојадрениот процесор на Intel од 2.3 GHz, оваа серија сега ја вклучува 8. генерација на четиријадрен процесор на Intel од 1.4 GHz. А графичката картичка, која е вклучена, е надградена на Iris Graphic Plus 645.
Мораме да се носиме и со неколку губитоци. Од сега повеќе го нема 12-инчниот MacBook и класичниот MacBook Air.
Лансирањето на 12-инчниот MacBook беше важен датум во историјата на компанијата, бидејќи се работеше за првиот уред, кој го имаше сегашниот изглед на MacBook уредите и USB-C конектор. За жал, оваа серија не беше надградена од 2017. година.
Неговата намена беше под знак прашање и постојано беше споредуван со MacBook Air моделите, кои се сметаа за попрактични и поевтини. Можеби токму тоа е и причината зошто Apple одеднаш одлучи да го повлече овој модел од производство.
Втората голема загуба е повлекувањето на класичните MacBook Air модели, чиј дизајн не беше променет од 2008. година. Овој легендарен модел сега е во нова етапа од животот со нов изглед, Ретина дисплеј и True Tone технологија.
Со овие три драстични промени, MacBook селекцијата стана потранспарентна и пологична, бидејќи од сега можете да бирате помеѓу само три опции: Retina MacBook Air, 13-инчен MacBook Pro и 15-инчен MacBook Pro со разни функции.
Ако сакате да се држите до класичниот Air, ви препорачуваме што порано да донесете одлука, додека се уште има залихи.