MacBook Pro 2018 13″ – вистинскиот Pro | ТЕСТ

Конечно ни пристигнаа новите MacBook Pro уреди. Веднаш почнавме да ги користиме за да видиме дали нивните перформанси се навистина толку добри како што вети Apple. Би биле навистина задоволни!

Apple направи навистина храбар чекор во 2016. година и радикално ја промени MacBook Pro линијата на производи. Оваа промена немаше промена само на дизајнот, туку и компонентите како тастатурата (Butterfly механизам), бројот и квалитет на приклучоци и трансформацијата на класичната функциска лента во TouchBar.

Од друга страна, тоа не беше потребно, бидејќи претходните MacBook Pro уреди работеа одлично, но секогаш има место за подобрување. Баш како што беше и за очекување, корисничката база поделена: имаше такви на кои веднаш им се допадна, а имаше и такви кои го презираа новиот правец на Apple.

Критикувачките гласови воглавно се слушаа поради одност на цената и вредностите, меѓутоа ни USB-C приклучоците, Touch Bar и новата тастатура не можеа да освојат многу срца. Целосно е непотребно да се расправа за цената. Уредите на Apple никогаш не биле евтини, посебно не во Европа, каде се применува ДДВ и ризикот на курсната разлика. Се на се, законите на понудата и потрошувачка и натаму вредат: на купувачите никој не им стави пиштол на глава и ги присили на купување. Ако тоа им се исплати, ќе го купат уредот. Ако не, тогаш Apple би требало да ја разгледа својата стратегија на одредување на цените.

Во меѓувреме, критиката за перформансите беше многу поразумна, иако мислам дека причина за тоа е навистина неуспешното именување на уредите. Дури и основните Pro модели со Touch Bar не беа толку моќни машини, моделите со врвен квалитет имаа навистина убави перформанси. Меѓутоа, имаше и Pro модели без Touch Bar кои имаа прилично слаба постава во однос на хардкор употребата за која се дизајнирани. Тие исто така спаѓаа во Pro линијата производи, но како што претходно споменавме во нашата рецензија, Pro MacBook терминологијата ќе беше посоодветна.

Имаме навистина помешани чувства кога се работи за само USB-C стилот на живот. Од една страна, технологијата е светлосни години пред претходните кои ги замени. Од друга страна, факт дека светот всушност не е подготвен за USB-C, дури и ако поминаа веќе две години. Тоа во многу ја ограничува професионалната употреба, но опремени со неколку адаптери, можете да живеете целосен и исполнет живот.

Butterfly механизмот на тастатурата е навистина само работа на вкус. По мое мислење, ако сте навикнати на неа, нема да сакате ништо друго, но можам да го прифатам фактот дека некои корисници не можеа да се навикнат на неа. Непотребно е да се рече дека волуменот (или подобро речено тонот) на чукањето може да биде необичен, но лесно можете да се навикнете на него.

А која е причината за така долгото одложување? по еден и пол ден интензивно тестирање, со гордост можам да кажам дека со 2018 Pro серијата, Apple пристигна до конечното одредиште на концептот за кој сонуваа уште во есента 2016. година. Добивме многу попрефинет MacBook во раце, кој се ослободи од сите основни проблеми и никогаш не прави компромиси, баш како што тоа го замисли Apple пред две години.

Еве детален тест со акцент на сите детали кои се сметаат за важни врзано со подобрувањата на моментната MacBook Pro линија производи.

Перформанси

Сегашниот фејслифтинг кој воглавно се состои од подобрувања под хаубата, не промени многу во вид на дизајнот. Освен решетките на звучниците, кои се неколку милиметри подолги, нема никакви разлики во споредба со MacBook Pro уредите од 2017. Меѓутоа одвнатре! Во овие лаптопи, Apple ја вклучи 8. генерција на Intel Coffee Lake процесорите кои одговараат на највисоката технологија. Да не ги споменуваме оние две дополнителни јадра кои им се додадени и на помалите и на поголемите уреди. Тоа водеше до надградба на перформансите каква што не сме виделе во изминатите 7 години.

Apple вети надградба од 70 проценти во однос на минатогодишните модели, но според раните Geekbench резултати, во случајот на 13” модели, повеќејадрената изведба би можела да достигне 80 проценти. Уредот што го тестирав имаше „само” 2.3 GHz i5 процесор со 8 GB LPDDR3 RAM. Дури и тоа беше доволно да почувствувам вистинска надградба на перформансите во споредба со мојот 2017 Pro уред со 2.3 GHz процесор.

Врвната конфигурација за 13” модел се состои од 2.7 GHz, 4 јадра, 8. генерација Intel Core i7 процесори (со Turbo Boost до 3.8 GHz) и 16 GB 2133 MHz LPDDR2 меморија која лесно може да ги порази основните 15” модели од 2017. Да го погледнеме бенчмарк резултатот.

Во овој момент не можеме да го занемариме растечкиот проблем кој се однесува на намалувањето на перформансите на MacBook Pro (воглавно 15” модели опремени со i9 процесор) поради прегревање. Залудно е да се одрекува присутноста на таканареченото термално регулирање. Но, во случајот на полесна употреба, како што е мојата, не успеав да го реплицирам овој феномен. Тоа во основа не е вина на Apple, туку само физика и ги зафаќа и другите компјутери.

Во оваа моментна точка на технолошко поодбрување, мораме да се носиме со тоа. Да, примената на друг систем на ладење би го решила проблемот, но тогаш би морале да се поздравиме со овој преубав дизајн, кој го прави Apple она што е. Иако овој проблем не е доволен за да помислиме дека ова не се најмоќните MacBook Pro уреди било кога со истиот убав дизајн.

Тастатура

Ништо спектакуларно, но навистина вредна надградба, претставување на третата генерација на тастатура со Butterfly механизам. Иако при употребата го пружа истото чувство како и нејзините претходни верзии – навистина кратки движења на копчињата, LED позадинско осветлување итн. – одвнатре дојде до позначајни промени.

Apple под тастатурата вметна тенок слој на сликон. Како што се испостави од документацијата која протече, неговата главна функција е да се задржат нечистотиите – ронки, кафе, Caesar салата – надвор од тастатурата и да оневозможи лепење на копчињата. Имајќи на ум дека Apple мораше да покрене посебна програма на сервис за да го реши овој проблем, тоа стана многу ваќен аспект.

Исто така, чукањето стана потивко поради тоа. Најпрвин не бев сигурен дали навистина е потивко или тоа е само некој вид на placebo ефект, но по еден ден на користење, гордо можам да истакнам дека звукот на чукање стана потивок. Силиконскиот слој, исто така, го штити вашиот уред од директен контакт со различните течности и може да ги направи шансите за преживување уште поголеми.

True Tone

Apple ја претсави својата нова технологија на екрани наречена True Tone во 2016. година со 9,7-инчниот iPad Pro. Оттогаш, True Tone е вклучен и во поновите iPad Pro уреди, iPhone 8, iPhone 8 Plus и iPhone X, и сега во најновите MacBook Pro уреди.

Технологијата функционира идентично како и на другите мобилни уреди: системот пробува да ги прилагоди тоновите на екранот на околината во која се наоѓате, правејќи го поприроден. Во основа, зборуваме за подинамичен Night Shift начин на работа со сите негови позитивни и негативни атрибути. Не велам дека е клучна продажна точка, но се на се, добро е да се има во MacBook.

T2 чип, Bluetooth 5.0

Тоа е вистина и за T2 чипот и 5.0 верзијата на Bluetooth. Веќе ви ги посочивме неколкуте предности на T2 чипот. Најимпресивната функција која тука припаѓа е ‘Hey Siri’ наредбата со која управувате со гласот, но и понапредните сигурносни поставки се исто така важни.

Bluetooth 5.0 има и неколку неверојатни трикови, но за жал, тие работат исклучиво со додатоците кои го користат овој стандард. На пример, сите аудио уреди комуницираат преку Bluetooth Low Energy, што е корисно за батеријата. Но, најважната нова функција на Bluetooth 5.0 е функцијата наречена Dual Audio.

Тоа му овозможува на изворот емитирање на истиот аудио сигнал на два различни уреда во исто време. Мислам дека нема потреба да се објаснуваат неговите предности. Овој стандард ја прави услугата побрза, работи на пократко време на одговор и проширен досег. Навистина тоа го чекавме и мило ни е дека со iPhone 8, 8 Plus и X, новиот MacBook Pro исто така ја поддржуваат оваа функција.

Што остана исто…

Освен сите тие нови и одлични функции, Apple многу ги остави недопрени. Една од нив е и Touch Bar кој всушност подобро го запознав. Очигледно, го испробав и претходно, но немав прилика да го корситам на подолги патеки. По еден и пол ден користење, прилично сум изненаден од сите негативни коментари.

Не би рекол дека навистина е вреден за повеќе пари, но во основа, OLED лентата работи сосема добро. Од една страна, и дава на тастатурата модерен изглед и ги прави многуте корисни функции уште поедноставни за користење. Мислам дека кога би почнал да го користам на професионално ниво, наскоро би ми недостасувал. Единствената работа која ми пречеше е тоа дека постојано притискав ‘escape’, бидејќи мојот мал прст се одмораше на ESC, но прилично сум сигурен дека би можел да ја напуштам таа навика.

Ситуацијата со приклучоците воопшто не се промени – како што беше и за очекување. По 2 години употреба, нема Бог кој би можел да го натера Apple да го промени мислењето за отстранувањето на читачот на SD картички, MagSafe полначот или класичниот USB адаптер. Веќе го поминавме првиот шок, така што навистина не е вредно за спомен. Но, важен аспект е дека сите 4 приклучоци на 13” модел поддржуваат Thunderbolt 3, а не само 2.

Заклучок

Како конечна мислам можам само да повторам она што веќе го кажав: ова ажурирање ја направи MacBook Pro линијата производи она што би требало да биде. Благодарение на подобрување на перформансите, 13” модел влезе во ексклузивната лига на уреди кои се препорачуваат за професионална употреба. T2 чипот, True Tone екранот и Bluetooth 5.0 се чинат како додатоци кои всушност имаат огромно влијание на секојдневната употреба.

Третата генерација на Butterfly тастатурата е убав пример како почетните проблеми како гласниот звук при чукањето и копчињата кои се лепат можат да бидат решени за само 2 години од претставување на концептот.

На крајот, сите главни функции останаа непроменети. Нема дополнителни приклучоци, а Touch Bar воопшто не се промени. Цените исто така останаа исти. Имајчи на ум дека ова ажурирање не е вообичаен тип на зголемување на перформансите од 10 проценти, тоа е навистина убаво изненадување. Apple едноставно можеше да ги подигне цените поради тоа, но не го стори тоа. И колку тоа беше добра идеја…

Се на се, целосно сум задоволен со новиот уред кој стана подобар. Можам само да се надевам дека сите останати надградби ќе бидат исти во иднина…