Metapho - Откријте повеќе за Deep Fusion во фотографиите

Новото ажурирање на бесплатната апликација за фотографии и видео, Metapho за iPhone ни го донесе, се чини, првиот начин да видиме дали фотографиите на iPhone 11 се сликани со помош на тн. длабока фузија (Deep Fusion).

Оваа апликација ви овозможува да проверите дали е користен Deep Fusion, но и да ги видите и уредите EXIF метаподатоците.

Најновото ажурирање на апликацијата Metapho вклучува и податоци за тоа дали при фотографирањето е користен Deep Fusion. Ова е важно, бидејќи Apple намерно оневозможи тоа да го знаат корисниците, дури и кога ги проверуваат деталите за фотографијата (тоа е тешко да се види и со голо око, дури и кога ги споредувате сликите снимени во исти услови).

Се чини дека Metapho е прва апликација која ни дава увид во Deep Fusion, иако оваа опциоја веројатно нема да остане присутна многу долго. Еден од авторите на апликацијата, Sebastian de With спомена дека таа функционалност не ја додадоа во Halide, бидејќи Apple планира да ја убие.

Во секој случај, Metapho е бесплатна и многу едноставна апликација, со разни опции кои морате да ги платите. Исто така, има голем акцент на приватноста, бидејќи нема никакви сервери - се се случува само на вашиот уред.

Кога ќе ја преземете и отворите апликацијата Metapho, морате да и овозможите пристап до складираните фотографии. Постои и екстернзијата Share Sheet, која можете да ја додадете за брзо да ги проверите метаподатоците на своите фотографии.

На врвот на листата податоци, под опцијата Image Information, ќе видите дека пишува Deeply Fused, ако е користена истоимената опција. Во одделот Camera, ќе го видите бројот на фотографии во кои е користена опцијата Deep Fusion. Исто така, Metapho означува ако е користен Night Mode.

Новото ажурирање Metapho 3.4.3 донесува:

  • Поддршка за новите функции на камерите на iPhone 11 моделот.
  • Ги означува фотографиите за кои е користен Night Mode и Deep Fusion.
  • Открива повеќе детали за експозициите на Night Mode.
  • Ги покажува Outside The Frame средствата, ако постојат.
  • Опцијата Save As… во екстензиите на Action функционира и на iOS 13.
  • Ја подобрува компатибилноста со ProPhoto RGB профилот.
  • Го решава проблемот поради кој Date Edit не ги означувал фотографиите без метаподатоци.
  • Го решава проблемот со опцијата Share во екстензијата Action, која не работеше.
  • Го решава проблемот поради кој апликацијата се уриваше со iOS 13.1. 

Преземете ја Metapho во App Store (бесплатна, IAP)