Иако ажурирањето на системот не би требало да доведе до губење на податоци, направете си услуга и изработете сигурносна копија на сите податоци на Mac. За тоа да го направите, вклучете ја синхронизацијата со iCloud и искористете го Time Machine за снимање на податоци.
За да го ажурирате системот, одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.
Апликациите Apple Music, Apple Podcast и Apple TV
iTunes не исчезна во целост со пристигнувањето на macOS Catalina - всушност е поделен на три апликации. Малку корисници ќе жалат за iTunes, посебно затоа што новите апликации го донесуваат и ветувањето за поедноставно и понапредно користење.
Apple Music познат од iOS ќе ни го пружи истото искуство на Mac: таму ќе ја пронајдете музиката која сте ја преземале, купиле или симнале од CD, а со еден клик можете да пристапите и до iTunes Music Store.
Целосно новата апликација Apple TV го менува iTunes Movies. Меѓутоа, оваа нова апликација која е необично слична на Netflix, има уште една клучна улога: корисниците можат да и пристапат на новата услуга Apple TV+, која во септември беше лансирана во САД.
Одвоената апликација Apple Podcast ќе го пружа истото што и истоимениот таб од iTunes, но во попрегледна и поуредена верзија. Корисниците имаат пристап до над 700.000 подкасти. Ќе можете да примате персонализирани известувања и нови епизоди, да им пристапувате на разните колекции и нови категории, а преобликувана е и платформата за пребарување.
Sidecar
Со помош на Sidecar, iPad може да се користи како дополнителен екран за Mac и како таблет за прецизно цртање, кое го поддржуваат бројните апликации на Mac. За сите оние кои често се во движење, Sidecar е многу корисен, бидејќи ви е доволно со себе да имате само iPad, па можете да го проширите екранот на Mac, кога тоа ќе ви затреба. Ако имате и Apple Pencil, можете да го користите iPad за цртање, скицирање и пишување во Mac апликациите, кои имаат поддршка за дигиталното пенкалце.
Време на употреба на екранот
Оваа функција, која имаше премиера на iOS 12, од сега е достапна и на Mac, а функционира на идентичен начин. Освен статистиката, тука се и функциите Време на исклученост, Ограничување на апликациите и Секогаш дозволени.
Поддршка за програмерите
Со macOS-om Catalina достапни се нови API, односно алати за програмерите, кои овозможуваат апликациите од iPad лесно да се пренесат на Mac. Корисниците можат да очекуваат многу од своите омилена апликации и на Mac од оваа есен, како Jira Cloud, Twitter и Asphalt 9.
Останати функции:
- Апликацијата Photos пружа прекрасно ново искуство на прегледување, кое интелигентно ги прикажува најдобрите фотографии на корисникот.
- Safari има нова почетна страница, која ја користи функцијата Siri Suggestions за унапредување на често посетените страници, ознаки, iCloud табови, избор на листи за читање и линкови испратени во Messages.
- Mail во macOS-u Catalina донесува можност да се блокира дојдовната пошта од одреден испраќач, да се стивне преактивен разговор и да се откаже поштата од комерцијални испраќачи.
- Апликацијата Notes има целосно нов преглед наречен Gallery, помоќен алат за пребарување и нови опции за соработка.
- Апликацијата Reminders го промени дизајнот и има нов и подобар кориснички интерфејс, кој го олеснува создавањето, организирањето и следењето на потсетниците.
Новиот macOS Catalina е компатибилен со следните уреди:
- 2017 iMac Pro и понов
- 2015 MacBook и понов
- 2013 Mac Pro и понов
- 2012 iMac и понов
- 2012 MacBook Air и понов
- 2012 MacBook Pro и понов
- 2012 Mac mini и понов