Поставување на Family Sharing

Стандардната опција на Apple, Family Sharing е присутна во екосистемот уште од iOS 8. Ви овозможува да ги споделите сите купени филмови, музика, книги и апликации со семејството и пријателите.

Со користење на опцијата Family Sharing, можете да споделувате фајлови, претплати и купувања со најмногу шест члена на семејството. Може да споделите сè што ќе купите од Apple Books, App Store, претплатите на Apple Music, Apple News + и Apple Arcade, па дури и простор за складирање на iCloud. Исто така, ви овозможува да поставите посебен Apple ID за деца, за да го поставите времето за употреба на екранот (Screen Time) и да ги потврдите купувањата и преземањата.

Исто така, сите членови можат меѓусебно да се лоцираат и да го користат заедничкиот семеен албум со фотографии и семејниот календар.

За да бидете дел од семејството, морате да имате:

  1. Единствен Apple ID и можност за пријава на iCloud,
  2. iPhone, iPad или iPod touch со iOS 8 или понов систем, односно Mac со OS X Yosemite или понов.

Креирајте семејство

Еден од возрасните членови на семејството може да го постави Family Sharing на својот уред.

На iOS уред:

  1. Притиснете Поставки > [ваше име]. Ако користите iOS 10.2 или постара верзија, притиснете Поставки > iCloud.
  2. Притиснете Подеси Family Sharing > Почнете, а потоа следете ги упатствата на екранот.
  3. Ако користите iOS 11 или понова верзија, изберете ја првата функција која сакате да ја споделите со своето семејство. Потоа следете ги упатствата на екранот за да ги повикате членовите на семејството преку апликацијата Messages.

На Mac уред:

  1. На Mac отворете Apple мени > Поставки на системот > Family Sharing. Ако користите macOS mojave или постара верзија, одете на Apple мени > Поставки на системот > iCloud.
  2. Потврдете го Apple ID кој сакате да го користите за Family Sharing и проверете дали е овозможена опцијата Сподели ги моите купени содржини.
  3. Следете ги упатствата на екранот.

Повикајте членови на семејството

Можете да ги додадете сите корисници od вашето семејство кои имаат Apple ID. Ако имате деца, следете ги чекорите да креирате Apple ID за нив и додадете ги во вашата група. Користете ги чекорите подолу за да додадете некој кој веќе има Apple ID.

На iOS уред:

  1. Притиснете Поставки > [вашето име] > Family Sharing. Ако користите iOS 10.2 или постара верзија, допрете Поставки > iCloud > Семејство.
  2. Притиснете Додај член на семејството.
  3. Внесете го името на лицето што сте го избрале или вашата е-пошта и следете ги упатствата на екранот.
  4. Ако користите iOS 11 или понова верзија, изберете дали да ја испратите поканата преку Messages или да ги поканите лично. Потоа следете ги упатствата на екранот.

На Mac уред:

Ако го користите macOS Catalina:

  1. Изберете Apple мени > Поставки на системот.
  2. Одете на Family Sharing.
  3. Кликнете на Додај член на семејството, Потоа следете ги упатствата на екранот.

Ако користите macOS Mojave или постара верзија:

  1. Изберете Apple мени > Поставки на системот > iCloud.
  2. Кликнете на управување со семејството..
  3. Кликнете на иконата „+“ за да додадете член на семејството, па следете ги упатствата на екранот.

Ако избраниот член на семејството е со вас, може да ја внесе својата лозинка за Apple ID на вашиот уред за да ја прифати поканата. Исто така, можете да му испратите покана, која потоа тој може да ја прифати на својот уред. Ако имате повеќе Apple ID во iTunes Store и App Store, можете да ja поканите секоја од вашите сметки во групата и да ги споделите сите купени содржини со другите членови на семејството.