Предизвикот „Ring in the New Year“ на Apple Watch за добар почеток на годината

Apple се подготвува да ја почне новата година со враќање на предизвикот на активности на Apple Watch, кој веќе почна да ни недостасува. Поконкретно, го враќаат предизвикот „Ring in the New Year“ за сопствениците на Apple Watch.

Предизвикот на активности, во кој уживавме во 2017. и 2018. година, необјасниво исчезна во 2019. година. Меѓутоа, неговото враќање се очекува во 2020. година, па сопствениците на Apple Watch во следните денови би требало да очекуваат известување и за тоа.

Празниците не се идеално време за грижа за здравјето и вежбањето. По десетина дена одморање и уживање во пообилни количини храна и пијалоци, по 1. јануари сите зборуваме за новогодишните одлуки, но малку кои од нас всушност и ги реализираат.

За среќа, тука е доверливиот Apple Watch, кој ќе не придвижи во вистинскиот правец со помош на новогодишниот предизвик „Ring in the New Year“. Ви донесуваме се што треба да знаете за него.

За да го исполните предизвикот, морате да ги затворите сите три прстени на активност седум дена по ред. Тоа значи дека на секој еден час треба да станувате и да се движите најмалку една минута, и така 12 часа дневно. Исто така, морате да вежбате 30 минути секој ден и да ја постигнете зададената цел во потрошувачка на калории.

Овој предизвик малку потсетува на значката за совршена недела. Единствена разлика е што овој новогодишен предизвик можете да го одработите било кои седум дена по ред, додека за значката за совршена недела морате да ги затворите сите кругови секој ден од понеделник до недела.

Корисниците кои ќе го исполнат овој новогодишен предизвик ќе добијат ексклузивна значка и посебни стикери за iMessage. Значи, за да успеете во тоа седум дена по ред морате ова секојдневно да го правите:

  • Да стоите најмалку една минута на секој еден час и тоа во текот на 12 часа дневно.
  • Да вежбате 30 минути.
  • Да ја исполните зададената цел на потрошувачка на калории.

Предизвикот би требало да почне на 7. јануари и ќе трае до 31. јануари, така што сите можат да учествуваат. Корисниците на Apple Watch ќе добијат известување за почетокот на предизвикот.