Да почнеме со iPhone 11
Како што се шпекулираше, Apple го претстави наследникот на iPhone XR како средишен модел. Овој поевтин уред повеќе не е обележан со буквата R. Сега стана стандарден модел, наречен iPhone 11. Ќе биде достапен во шест различни бои: црна, бела, црвена, виолетова, зелена и жолта. Предната и задната страна на уредот се опремени со засилени и уште поиздржливи стаклени панели.
Големината на екранот воопшто не е променета - и натаму се работи за 6,1-инчен Retina екран. Меѓутоа, звучниците се унапредени на Dolby Atmos озвучување. iPhone XR беше шампион во однос на издржливоста на батеријата, но Apple успеа да постигне овој уред да работи уште еден час подолго. И Face ID е малку побрз.
Промените на камерите, исто така, беа предвидливи. iPhone 11 е опремен со ултра широка леќа, со која е овозможен 2x оптички zoom-out. Надграден е и портретниот начин на работа, а сега се достапни и опции за препознавање на домашните миленици и новиот начин на работа, Kimono.
Најголемото унапредување на камерата се однесува на ноќното фотографирање: претставена е новата функција, Night Mode (ноќен начин на работа). Апликацијата поддржува и подолга брзина на експозиција, со што сликите се посветли и подетални. Покрај Smart HDR, претставени се и 36% подобар LED блиц и функцијата QuickTake.
Што се однесува до задната камера, резолуцијата остана идентична, па 4K 60 fps и натаму е горен лимит, но предните сензори се многу подобри. Сензорот од 7MP е заменет со оној од 12MP, а и тука ќе биде достапна резолуција со 30 фрејма по секунда. Исто така, на предната камера ќе биде овозможена и забавено снимање.
Оваа година и поевтиниот модел е опремен со процесорот A13 Bionic, што значи дека CPU и GPU се 20% побрзи. Тоа можеби не остава без здив, но Apple секогаш ја става енергетската ефикасност пред перформансите.
iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max
Оваа година најмногу копја се кршеа околу имињата на новите уреди. Сега знаеме дека ги добивме iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max. Што се однесува до дизајнот, изгледот на двата уреда го следи минатогодишниот тренд. Палетата на бои е збогатена со нова нијанса - Midnight Green (полноќно зелена). Рамката од нерѓосувачки челик и стаклената површина и натаму се исти, но засилени. Задната страна изгледа повеќе матирано отколку кај минатогодишните модели.
Димензиите на овие премиум модели останаа идентични, само што се сега опремени со Super Retina XDR екрани, прв пат претставен на годинашниот WWDC. Тие донесуваат зголемување на енергетската ефикасност од 15 проценти и максимална светлост до 1200 нита (стандардна 800). Како и во случајот на iPhone 11, мозокот на двата нови уреда е процесорот A13 Bionic.
Како што очекувавме, батериите на овие два модела значајно се подобрени. Помалиот модел сега може да работи четири часа подолго, додека оној поголемиот на располагање има и пет часа повеќе активна работа. Уште повеќе, пакувањето вклучува адаптер од 18W кој овозможува брзо полнење. Конечно.
Овие два модела се опремени и со трета леќа на камерата. Тоа значи дека сите нагаѓања за тројна камера излегоа точни. Освен обичната и телефото леќа, додаден е и ултра широк сензор. Сите се способни за резолуција од 12MP.
На крајот, зумот кај овие две Pro верзии сега е многу полесен за употреба, а и уредувањето на снимките во зададената апликација стана многу полесно.