Претворете го својот Apple Watch во будилник

Начинот на работа на Nightstand mode и апликацијата Alarm на вашиот Apple Watch сочинуваат совршена комбинација со која вашиот уред можете да го претворите во дигитален будилник.

Режимот за ноќно орманче е претставен со watchOS 2.0 во 2016. година, додека апликацијата Alarm е достапна од самиот почеток. Вашиот уред најверојатно ќе го полните во текот на ноќта и тоа можеби веднаш покрај креветот. Токму поради тоа е и осмислен Nightstand mode.

Овој начин на работа го претвора вашиот часовник во мал дигитален будилник. Ако го поставите уредот на бочна страна, доволно е само да го допрете и екранот ќе се разбуди и дискретно ќе свети неколку моменти, за да не ве ослепи во ситните ноќни часови.

Ако го имате вклучен и будилникот, екранот ќе се разбуди малку пред да заѕвони алармот, па ќе можете да видите колку е часот и ако се разбудите пред да заѕвони алармот.

За да го овозможите режимот за ноќно ормарче:

  • Одете на Settings > General на Apple Watch.
  • Вклучете ја опцијата Nightstand mode.

Кога е овозможена опцијата, на екранот на Apple ќе го видите времето и датумот, и состојбата на наполнетост на батеријата. Ако поставите аларм, и тој ќе се прикаже на екранот. За да го вклучите Nightstand mode:

  • Приклучете го Apple Watch во полначот. Додека се полни, Apple Watch останува во Nightstand mode.
  • За да го видите екранот, допрете го, притиснете ја Дигиталната круна или страничното копче или лесно протресете го Apple Watch. Ќе биде доволно и само ако го протресете или ако го притиснете Nightstand mode.

За да го користите Apple Watch во режимот за ноќно ормарче, држете го исправено или поставете го на рамна површина, а потоа притиснете ја Дигиталната круна или страничното копче.

Поставување на аларм

Можете да побарате Siri да ви го постави алармот. Речете, на пример „Set an alarm for 7 a.m.” (Постави аларм за 7.00 часот) или „Wake me up at 19:00” (Разбуди ме во 19.00 часот).

Алармот можете да го поставите и на iPhone, а потоа да го проследите на Apple Watch:

  1. Поставете аларм на iPhone уредот.
  2. Отворете ја апликацијата Apple Watch на iPhone.
  3. Допрете Мој часовник, потоа часовник, а потоа проследи аларми од iPhone.

Алармот на Apple Watch се разликува од алармот на iPhone. Кога ќе го поставите алармот, проверете дали Apple Watch и iPhone се во мод за тивка работа. За да го поставите или наместите алармот за Nightstand mode, употребете го Apple Watch:

  1. На Apple Watch отворете ја апликацијата Alarms.
  2. Притиснете Додај аларм. Можете да го притиснете и постоечкиот аларм, а потоа Промени го времето.
  3. Притиснете AM или PM, а потоа часовни или минути. Вртете ја Дигиталната круна за да го прилагодите времето.