Приказната за успехот на App Store

Нашиот омилен онлајн хаб за апликации, App Store ги отвори своите виртуелни врати пред точно единаесет години, на 10. јули 2008. година. Единаесеттиот роденден е совршена прилика подлабоко да нурнеме во историјата и да се присетиме како App Store го почна своето неверојатно успешно патување.

App Store не треба многу да го претставуваме - секој корисник на iPhone, iPad или Mac и повеќе од добро запознаен со онлајн продавницата за апликации на Apple. Апликациите го променија начинот на кој правиме многу работи, без оглед дали се работи за креирање, учење, играње или организација. А App Store е најдобро место за откривање и преземање на нови апликации. Благодарение на прегледната структура со препораки и тематски листи, кои ги изработуваат професионални уредници, многу е лесно да се пронајде совршена апликација за се што ни е потребно. Табот Today, приказните и советите ви овозможуваат да имате редовно ажуриран преглед на сите новости и најави во светот на апликациите. Исто така, табот Search е моќна алатка за пребарување на се што ви треба во краток рок, збогатено со приказни, совети и листи.

Apple на својата интернет страница напиша дека App Store е создаден со две цели: "да биде сигурно и доверливо место на кое купувачите можат да откријат и преземат апликации и да биде одлична деловна прилика за сите програмери". За да ги реализираат тие цели, претставија строга листа на правила кои редовно се ажурираат, а кои би требало да осигураат апликациите да ги задоволуваат високите стандарди на сигурност, приватност и квалитет. App Store Review Guidelines пружаат јасни насоки за програмерите, да бараат апликациите кои се нудат во App Store да бидат сигурни, да пружаат добро корисничко искуство, да се придржуваат до правилата на Apple за приватност на корисниците, да ги штитат уредит од вируси и закани и да се темелат на прифатливи бизнис модели. Неделно и до 100.000 апликации поминуваат контрола и сите внимателно се прегледуваат, поголем дел од нив во рамки на 24 часа од предавањето. Меѓутоа, само 60 проценти од нив се одобрени, додека останатите 40 отсто се одбиени, најмногу поради помалите грешки и проблемите со приватност.

Пред App Store

По заклучокот за тоа што значи App Store во денешно време, да се вратиме малку во неговото минато за да ги откриеме најважните постигнувања на неговото патување. Мораме да почнеме и пред самото претставување на App Store, со оригиналниот iPhone од 2007. година. Кога iPhone беше претставен на Macworld 2007. година, содржеше нешто повеќе од десет вградени апликации и ниту една апликација од трета страна. Тогаш App Store не постоеше, но iTunes работеше од 2003. година и му докажа на Apple дека може својата платформа за е-трговија во компјутерска варијанта да ја претвори во мобилна верзија.

За додавање на нови апликации на iPhone, Apple најпрвин ги смисли интернет апликациите како решение. Меѓутоа, со оглед на ограничувањата на таквите апликации, неможноста за нивниот пристап до функционалноста на самото јадро, лошите изведби во однос на вградените апликации и проблемот со наплата, стана јасно дека апликациите од трети страни за iPhone мораат да станат зададени. Но, Steve Jobs на почеток и се противеше на таа идеја. Најмногу го загрижуваше тоа што таквите апликации би можеле да претставуваат сигурносен ризик за корисниците на iPhone. Исто така, не му се допаѓала идејата лошо дизајнираните софтвери да ја нарушуваат убавината на новата креација на Apple. За среќа, другите поединци, како Phil Schiller и Art Levinson, продолжија да лобираат Jobs да го промени своето мислење, а на крајот и успеаја.

<iframe width="891" height="501" src="https://www.youtube.com/embed/HfMvym5SxHU" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture" allowfullscreen></iframe>

Следната пролет, 2008. година, Apple го претстави SDK (software developers kit) за да им овозможи на програмерите да креираат зададени апликации од трети страни, кои се сигурни и пружаат одлично корисничко искуство. Благодарение на iTunes, Apple веќе знае како да продава, префрла и доставува дигитални добра на меѓународно ниво, и тоа подобро од сите други во оваа индустрија. Уште повеќе, програмерите за Mac помогнаа да се осигура во првиот, критичен бран на апликации за iPhone продадени преку App Store да се најдат само оние функционалните и прекрасно дизајнирани, со одлично корисничко искуство. Така уште веднаш на почеток, високо ја поставија летвичката за идните iOS апликации.

Шокантен успех на лансирањето

App Store е лансиран на 10. јули 2008. година во 62 држави и со 500 апликации. Денес оваа бројка ни се чини смешно мала, но тогаш беше неверојатна. Бројот на преземања беше огромен од самиот почеток. Само првиот викенд беа преземени десет милиони апликации, а во првите три месеци дури стотина милиони. До април 2009. година достигната е бројка од една милијарда, а до јули - дури неполна година по лансирањето - корисниците можеа да бираат помеѓу 50.000 апликации во App Store. Толку шокантен успех никој не очекуваше, дури ни Apple. Во разговор за Wall Street Journal во август 2008., Jobs истакна дека никој во Apple не очекувал дека App Store ќе биде толку популарен. "Индустријата на мобилни телефони никогаш не видела нешто како ова", изјави Jobs.

Првите години

Во 2009. година, Apple ја претстави опцијата за купување во рамки на апликациите (in-app purchase, IAP), па купувачите можеа бесплатно да преземат апликација, а потоа да доплата ако сакаат пристап до дополнителни функционалности и опции. Така поголем број корисници можеа да откриваат нови апликации без обврска за купување. Две години подоцна, Apple почна да ги поддржува и апликациите на претплата. Тој бизнис модел оттогаш е во постојан пораст и стана најпопуларен метод за монетизација на апликациите од самите програмери.

Во октомври 2010. година, Apple го најави Mac App Store, слична платформа за апликации за macOS, а официјалното лансирање се очекуваше во мај 2011., со објава на надградбата 10.6.6. Snow Leopard. Успехот беше сличен: само 24 часа по лансирањето, преку милион корисници преземале некоја апликација. Годината 2010. беше важна за Apple уште од една причина - влезе на пазарот на таблет уреди со iPad. Така отворија нов простор за креативно изразување и вистинско игралиште за програмерите, кои можече да смислат нови апликации со многу поголем интерфејс.

Во јуни 2013. година, на својата конференција на програмерите, Apple најави нов оддел за деца во App Store. Тука требало да се најдат апликации категоризирани по добри групи, а премиерата беше во септември, со лансирањето на iOS 7.

Понатамошни постигнувања

Првиот Apple Watch беше лансиран во 2015. година, и со HealthKit им даде нова прилика на програмерите да создаваат поиновативни, поинтелигентни и поинтерактивни апликации за здравје, вежбање и wellness. Apple Watch, како совршен носечки уред за спорт и вежбање ги инспирира корисниците да бидат поактивни и повеќе да размислуваат за своето здравје, а неговите апликации за фитнес и здравје станаа неверојатно популарни.

Потоа во 2017. година, Apple го претстави ARKit 1.0 - програмерска платформа за проширена реалност за iOS уреди, која им овозможува на програмерите да ги збогатуваат апликациите со детали за проширена реалност. Така iOS стана најголема AR платформа на светот и тоа практично преку ноќ, достапна до стотина милиони корисници на iPhone и iPad.

Истата таа година, Apple го откри и редизајнираниот App Store со лансирањето на iOS 11. Новиот дизајн повеќе бепе насочен на уредички содржини и дневни вести, и претстави "попрегледен, позбиен и пошарен преглед". Исто така, со iOS 11, сите апликации мораа да поддржуваат 64-битна архитектура, со што iOS App Store се ослободи од преку 180.000 застарени апликации. Процесот на исфрлање на 32-битни апликации почна и на macOS, а се ќе биде завршено со macOS Catalina, кој повеќе нема да поддржува такви апликации.

Иако овој февруари, iOS App Store броеше 2.200.000 апликации, бројот на iOS апликации всушност се намали во последните неколку години. Тоа е најмногу затоа што Apple претстави нови стандарди на квалитет кои исфрлија многу стари апликации: оние кои не беа компатибилни, оние кои ги копираа другите апликации и оние кои пружаа услуги и алати непотребни на iPhone (на пример, антивируси). Тоа значи дека, иако бројот на апликации можеби опаѓа, нивниот квалитет расте. Благодарение на тоа, App Store и натаму е една од најпопуларните продавници за апликации на пазарот и им пружа одлично искуство на сите корисници на уредите на Apple. Затоа не не чуди дека еден од соосновачите на Apple, Steve Wozniak, го прогласи App Store за најважниот изум на Apple. За компанијата која го произведе Apple II, iMac G3 и iPhone, тоа зборува многу, зарем не?