The Presentation Secrets of Steve Jobs (2010)
Па, ова не е целосно книга за Apple, бидејќи станува збор за ефективни техники за презентирање: Steve Jobs ги анализира преку неговите легендарни изведби кои се основните компоненти на убедлива презентација и ги претставува најкористените трикови. Иако книгата беше објавена пред речиси 10 години, во неа постојат вечни совети, кои секој треба да ги има на ум. Се разбира, кога станува збор за просечна презентација на состаноци на работното место, веројатно нема да имате толкава среќа да одржите презентација за тема како што е претставување на новиот iPhone, но оваа книга дефинитивно треба да се прочита. Во случај да се подготвувате за изведбата на вашиот живот или сте заинтересирани за триковите од настапите на Jobs, ова може да биде вашата книга.
Steve Jobs (2011)
Ако треба да прочитате само една книга за Apple, ова треба да биде таа. Силната поента на книгата на Walter Isaacson објавена во 2011 година е дека ја анализира личноста на Jobs и ја открива приказната за компанијата, како и процутот на Силиконската долина. Писателот направи бројни интервјуа со легендарниот лидер и со многу други поединци кои работеле со Jobs. Благодарение на неговата детална книга за откривање на факти, читателите можат да имаат увид во раѓањето на производите како што се Macintosh, iPod или iPhone. Во основа, книгата не ги критикува Jobs, и во исто време се доближува до најважните настани од различна гледна точка и открива некои контрадикции. Уште еден забавен факт е дека ова е единственото биографско дело, создаден за придонесот на легедарниот Извршен директор, кој почина пред 8 години.
Inside Apple (2012)
Новинарот на Fortune, Adam Lashinsky ја напиша својата книга објавена во 2012 година врз основа на децениското искуство. Целта на книгата е да ја анализира работата на Apple како компанија. И покрај сензационалистичкиот наслов, книгата содржи информации кои можат дури да ги изненадат и најголемите фанови. Се работи повеќе како резиме на оние работи што ја карактеризираат компанијата, но бидејќи беше објавена пред 7 години може да содржи и некои застарени или ирелевантни информации за денешно време. Во исто време, во Купертино не се случија никакви радикални промени, па генералните изјави се валидни – во секој случај, дефинитивно вреди да се прочита. Се препорачува на оние кои бараат книга, која не ја анализира компанијата само преку очите на Steves Jobs.
Jony Ive: The Genius Behind Apple’s Greatest Products (2013)
Веројатно заснована врз успехот на биографијата на Jobs, легендарниот индустриски дизајнер на Apple, исто така, доби своја сопствена книга. Книгата напишана од Leander Kahney е пократка, но структурата е слична на книгата на Isaacson. Почнувајќи од детството на Ive, во книгата се претставени оние влијанија кои ја формираат неговата личност, а подоцна ги опишува неговите години поминати во Apple и елаборира како визиите на дизајнерот влијаеле на имиџот на компанијата. Се разбира, читателите можат да добијат увид во развојот на најважните производи, како и на специјалниот професионален однос помеѓу дизајнерот и работното место. Во случај да не сакате да и пристапите на историјата на Apple од традиционална гледна точка, ова дело може да биде совршен избор за вас.
Dogfight: How Apple and Google Went to War and Started a Revolution (2014)
Книгата на Fred Vogelstein ги претставува различните станици на двата технолошки гиганти и го проценува нивното значење, како и нивното социјално влијание. Како новинар на Wired, писателот со години ја документирал работата на гигантите од Силиконската долина. Неговата книга е заснована на бројни интервјуа и може да биде извонредно голема колекција на факти за оние кои се заинтересирани. За оние кои се уште се желни да учествуваат во битките со коментари за Apple vs. Google, приказната за првичното пријателство што се претвори во бесен натпревар може да биде доста интересна. Што се однесува до валидноста на предвидувањата нагласени во книгата, поминаа само неколку години од нејзиното прво издание, така што не можеме ништо да заклучиме.
Designed by Apple in California (2016)
За анти-читателите, или за оние на кои им е доста од просечната цена од 10-20 евра, оваа книга може да биде совршен избор. Книгата со тврди корици, креирана од Apple, содржи 450 фотографии од култните производи на компанијата, како и описи за иновативните материјали и техники. Фановите можат да ја купат по цена од 299,00 долари, и достапна и во многу земји, преку официјалната веб страница на Apple. Наводно, за прилично скапа цена, читателите ќе добиваат премиум квалитет, а за повеќе детали проверете го претходниот текст напишан на оваа тема.
Tim Cook – The Genius Who Took Apple to the Next Level (2019)
Можеме да му се заблагодариме на Leander Kahney за книгата објавена на 16 април, 2019 година, кој исто така ја напиша и биографијата за Jony Ive. Во моментов нема доволно преводи, но порано или подоцна веројатно ќе заврши во рацете на преведувачите. Книгата дава преглед за животот на Tim Cook и ги оценува резултатите од неговите активности како лидер, па ова дефинитивно е најнова книга од сите. За жал, се работи за квази полу-официјална биографија, бидејќи авторот не направи интервју со Tim Cook. Во исто време, Apple му овозможи да разговара со некои од вработените во компанијата.