Сега е официјално – WWDC презентацијата ќе се одржи на 3. јуни

Apple испрати покани за јавната Keynote презентација на годинашната конференција за програмери. Што можеме да очекуваме оваа година?

WWDC е годишна конференција на Apple намената за програмерите, на која учествуваат повеќе од 5.000 програмери од целиот свет. Во таа прилика се претставуваат претстојните оперативни системи и визијата за иднината на компанијата. Оваа година очекуваме најава на iOS 13, macOS 10.15, watchOS 6 и tvOS 13.

Конференцијата најмногу се занимава со софтвер и претставување на новите верзии на оперативните системи, но понекогаш се случува да бидат презентирани и нови хардвери, па овој настан би можел да им биде интересен и на просечните корисници. Нашите очекувања се измешани.

Можно е Apple да ја претстави новата верзија на Mac Pro, кој со години не е надграден, како и сопствен 6K монитор. Најважната целна група на овие уреди би можеле да бидат професионалните корисници.

Keynote ќе биде пренесуван во живо. а почнува во 18 часот на 3. јуни. Се гледаме!