Совладајте ја новата Swipe тастатура на Apple

Новата QuickType тастатура на Apple е претставена со iOS 13 и iPadOS за iPhone и iPad. Овој вид на тастатура ви овозможува да пишувате со повлекување на една буква до друга, односно со еден непрекинат потег.

Потпирајќи се на Siri и на другите опции на машинско учење, тастатурата може да ги погодува и предвидува вашите зборови, со континуирано зголемување на прецизноста. Со употреба на опцијата QuickPath, зададената тастатура на Apple е проширена со опцијата за повлекување, која ви овозможува наместо притискање копче по копче, само да го повлекувате прстот преку тастатурата.

Како да ја користите Swipe тастатурата на iOS 13

Новата тастатура функционира на секој iPhone и iPod touch со iOS 13.

  • Отворете ги Поставките на својот iPhone или iPod touch со iOS 13.
  • Изберете Општо.
  • Притиснете тастатура.
  • Вклучете ја опцијата Повлечи за пишување (Slide to Type).
  • Сега можете да пишувате со повлекување на прстот во било која апликација која ја користи системската тастатура.

Како да ја употребувате Swipe тастатурата на iPadOS

Новата тастатура е достапна и на iPad уредите со новиот iPadOS.

Исто така, системската тастатура во iPadOS може да се намали, па можете да ја наместите да лебди на врвот на апликацијата која ја користите. Тоа може да биде корисно кога го држите iPad во една рака, бидејќи можете брзо да напишете нешто, користејќи го палецот, па да се вратите на задачата со која се занимавате.

Кога ќе го ажурирате таблетот на iPadOS, новата тастатура автоматски ќе стане зададена, но проверете да не е случајно исклучена (односно научете како можете да ја исклучите).

  • Отворете ги Поставките на својот iPad со iPadOS.
  • Изберете Општо.
  • Притиснете тастатура.
  • Вклучете ја опцијата Повлечи на лебдечката тастатура за пишување (Slide on Floating Keyboard to Type).
  • Сега не можете да ја користите тастатурата во целосна големина со опцијата QuickPath.
  • Оваа опција вреди за лебдечката тастатура, бидејќи нема смисла да ги повлекувате прстите преку копчињата на големата тастатура на iPad, зарем не? За да го користите новиот QuickPath влезен метод, најпрвин морате да ја поставите тастатурата да лебди.
  • За тоа да го направите, едноставно штипнете ја тастатурата за да ја намалите.
  • Сега кога тастатурата е помала, можете да пишувате со повлекување на прстот преку неа. Ваквата лебдечка тастатура можете да ја преместувате по екранот и да ја наместите каде што сакате.

Една напомена: QuickPath тастатурата е само за зададените тастатури на Apple на англиски, кинески, шпански, германски, француски, италијански и португалски јазик.