Strava - Нацртајте го T-Rex додека трчате

Да, ако сте доволно креативни, можете да нацртате и тираносаурус, додека ја употребувате апликацијата Strava за трчање. Или Darth Vader. Но, да тргнеме од почеток.

Во App Store можете да пронајдете многу апликации за трчање и велосипедизам кои нудат исти работи: додека вие трчате или педалирате, смартфонот или паметниот часовник ќе ги брои поминатите километри, ќе го бележи времето и ќе ја следи потрошувачката на калории.

Кога е во прашање велосипедизамот, има неколку одлични решенија кои ги користиме. Но, ни треба нешто ново и поинакво. Токму затоа, за око ни запна апликацијата, која има многу интересни детали и целосна програма на важбање со неколку дополнителни функции. Се работи за Strava. 

Вистинско друштвено искуство

Една од најголемите предности е што можете да станете дел од вистинската заедница. Иако и некои други апликации ви нудат можности за коментирање и давање лајкови, Strava е единствената во која тоа навистина функционира, бидејќи луѓето редовно комуницираат. Почетниот екран вклучува преглед на активности на вашите пријатели и спортски колеги. Тоа ќе го проверите, штом ќе завршите со вежбање.

Можете да ги следите другите луѓе, да ги коментирате нивните вежби и да им давате палец горе, ако ви се допаѓаат нивните активности. И вие можете да ги делите своите постигнувања - само на почетокот на вежбата притиснете Start, а на крајот Finish. Не може полесно.

Освен стандардните податоци за вежбање, на своите тренинзи можете да додадете и фотографии (инаку, како да не се ни случиле) да ги означите, на пример, дали се работи за убиствен тренинг или за лесно шетање низ квартот. Секако, можете за се да напишете и вистинска објава.

Но, сигурно веќе се прашувате кога ќе дојдеме до делот со T-Rex. Па, нема со своето трчање да го обликувате T-Rex или Darth Vader, но апликацијата ги употребува собраните информации на многу паметен начин.

Натпреварувајте се самите со себе и со другите

А најдобриот дел дури пристигнува. Добро, под услов да сакате предизвици. Strava ви овозможува да создавата поголеми или помали патеки, а GPS следењето и допушта на апликацијата да ги анализира вашите перформанси во избраниот дел на патеката. Вашите резултати ќе се додадат на плочата со бодови во која учествуваат сите кои преминале на тој дел.

Така можете да ги споредувате своите резултати со било кој на светот. На најчестите локации на натпреварувањето учествуваат и неколку десетици илјади спортисти, па вистинско достигнување е да се пробиете меѓу првите стотина. Меѓутоа, ништо не ве спречува да бидете први во својот кварт. Исто така, секој пат кога ќе го соборите сопствениот рекорд, ќе добиете награда.

Оваа апликација би можела да биде соврешна за сите на кои им треба малку мотивација. Ако сакате редовно да се натпреварувате со другите, можете да се претплатите за заедничките предизвици на месечна основа, и така да се поттикнете да постигнувате повеќе и да освоите разни подароци, вистински значки и кодови за попусти.

Апликацијата е достапна во бесплатна и премиум верзија. Премиум верзијата вклучува додатоци како топлински карти, фитнес дијаграми и слично.

Преземете ја апликацијата Strava од App Store (iPhone, iPad, Apple Watch – бесплатна, IAP)