Уредете ги фотографиите со подобрената апликација Photos

Една од најкорисните нови функции на iOS 13 е алатката за уредување фотографии во истоимената апликација. Дали навистина работи одлично?

Штом ќе го допрете копчето Уреди во горниот десен агол, ќе се појават различни лизгачи и опции за уредување на фотографии и видеа со помош на истиот алат.

Експозиција и светлина

Двата клизачи ви овозможуваат фотографиите да ги направите посветли или потемни. Меѓутоа, овие алати влијаат и на осветлените и на сенчените делови на сликата.

Тоа може да биде корисно ако целата фотографија ви испаднала потемна и и недостасуваат посветли делови (како лампи). Во случајот на подобро осветлени фотографии, подобро е да се употреби опцијата Brilliance.

Brilliance

Овој лизгач има голема моќ. Благодарение на вештачката интелигенција, го прилагодува засенчувањето, светлината и контрастот во исто време.

Би можеле да кажеме дека се работи за напредна верзија на Brightness, која ги менува различните делови на сликата како што најдобро одговара. Најдобро е уредувањето на сликите да го почнете со овој алат.

Highlights и Shadows

Овие опции одат рака под рака, но прават сосема спротивни работи. Најсветлите (најбелите) делови на сликите се викаат Highlights, додека најтемните (најцрни) се Shadows. Овие два лизгача ги прилагодуваат овие два краја на спектарот.

Употребете ги двата лизгача кога не сте задоволни со светлината по прилагодувањето на опцијата Brilliance.

Контраст

Контрастот е дел од паметниот пакет со опцијата Brilliance, но може да се прилагодува одвоено. Со него се прилагодуваат сенките, така што темните делови на сликата се одвојуваат од посветлите. Оваа опција посебно е корисна ако сте снимиле слика од нешто светло на светла позадина, како селфи во бела мајца пред бел ѕид.

Black Point

Овој лизгач ви овозможува да ја изберете вредноста која ја утврдува апсолутната темнина. Тоа значи дека сликата е присутна само црната.

Заситеност

Ова е добро позната функција. Колку е посилна, тоа се боите подречливи. Ако сакате сликата да ја направите црно-бела, спуштете ја оваа вредност на минимум, а не Контастот. Ако го менувате Контрастот, ќе влијаете на динамиката помеѓу светлото и темното.

Vibrance

Работи како и Заситеноста, но со целосно поинакви резултати. Ви овозможува да прилагодите неколку нијанси. Најдобро е истовремено да работите со опциите Заситеност и Vibrance.

Топлина

Ви овозможува додавање на поладни (синкасти) и потопли (жолтеникави) нијанси на сликите.

Tint

Работи со оцпијата Топлина, прилагодувајќи ги нијансите на бои помеѓу зелена и виолетова.

Острина

Ви овозможува нагласување на рабовите. На пример, ако сликате торта, со оваа опција ќе ги нагласите рабовите и примероците. Така навистина ќе дефинирате одреден објект.

Дефиниција

Со употреба на алатот Дефиниција исто така можете да ги нагласите рабовите. Додека Острината употребува посветли бои, Дефиницијата им дава посилен контраст и потемен изглед на деталите.

Намалување на шумот

Најдобра опција за ноќни снимки, кога на сликата се присутни помалку пиксели поради поголема ISO вредност. Ако го употребите овој алат, поголем дел од нив ќе се појават.

Vignette

Со овој алат ги затемнувате, односно осветлувате рабовите на сликите. Ова е алат кој им дава малку магија на фотографиите.