Во бројни европски држави пристигна EKG функцијата на Apple Watch!

Во неодамнешното ажурирање на watchOS, една од најочекуваните функции на Apple Watch Series 4 стана достапна во бројни европски држави.

Четвртата генерација на Apple Watch донесува бројни нови функции: дизајнот е малку променет, екранот е поголем, а покрај следењето на отчукувањето на срцето, тука сега е и EKG функцијата. На тој начин, компанијата од Купертино направи голем чекор во правец на создавање на битен медицински уред достапен до широките маси.

За жал, иако функцијата беше претставена уште во септември, стана достапна дури во декември и тоа само во САД. Подоцна, со watchOS верзијата 5.2, листата на држави во кои оваа функција е достапна се зголеми на 23, а потоа и на 29 со надградбата 5.2.1.

Целокупната листа на држави ги вклучува: Австрија, Белгија, Данска, Чешка, Финска, Франција, Грција, Гуам, Хонг Конг, Хрватска, Ирска, Исланд, Италија, Луксембург, Унгарија, Холандија, Норвешка, Германија, Полска, Португалија, Порторико, Романија, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија, САД и Американските Девствени острови.

Достапни се и известувања за неправилниот срцев ритам, кое најголемото истражување за здравјето на срцето го истакна како најважно помеѓу новите функции.

Значи, сите сопственици на Apple Watch Series 4, надградете ги своите системи и испробајте ја новата функција!

Извор: Apple