Еве краток потсетник за оние кои не ги читаа нашите текстови. Имено, по повратните информации на нашите читатели, изработивме цел тест врз основа на кој ги оценуваме сите уреди кои ги испробуваме, така што сите кои размислуваат за купување на новиот уред на Apple да добијат што е можно подетални информации.
Значи, спроведуваме 3D тестови, проверка на синтетичкиот и вистинскиот GPU и ја анализираме работата на камерите и звучните способности на уредот. За резултатите кои се релевантни за овој текст, можеме да му заблагодариме на Viktor Kádár/ K1l1m6n, кој го одработи целото рендерирање и за кратко време ни ги овозможи податоците.
Viktor е најпознат по своите прекрасни концепти, а за нас го замисли MacBook Pro на иднината и ги дизајнираше Mac mini и iPad Pro. Можете да го следите на Instagram, Behance и iMagazin. Да почнеме сега на работа!
Во последниот текст заклучивме дека перформансите на 4-јадрениот Mac mini не се баш спектакуларни. Меѓутоа, што воопшто можете да очекувате ако го купите најевтиниот уред во актуелната понуда на Apple? Mac mini е совршен за канцелариски задачи, но не оние претешките. Всушност, неговите перформанси се слични на оние од MacBook Pro од 2016.
Иако во секој поглед се покажа подобар од 13-инчниот модел од 2016., осетно заостануваше зад 15-инчниот модел од истата година. Успеа да го надмине само во експортирањето фотографии од Lightroom. Сепак, и натаму се работи за уред со најдобар однос на цената и квалитетот во производната палета на Apple. Но, што е со 6-јадрената i5 верзија?
Очекувавме сосема поинакви резултати и не се разочаравме – уште повеќе, бројките кои ги откривме целосно не изненадија.
3D фотографии
И во оваа прилика го користевме Keyshot Pro 7 и истиот рендер на Watch (кој и натаму е достапен за преземање ако само сакате да го тестирате својот компјутер). Работевме со истата резолуција и TIFF излезниот формат, а семплинг стапката ја поставивме на 64. На крајот, 6-јадрениот Mac mini беше за една минута побавен од 15-инчниот MacBook Pro од 2018., и го постигна вториот најдобар резултат помеѓу компјутерите кои досега ги тестиравме.
Солиден почеток, најмногу затоа што овој втор компјутер има i7 процесор. Меѓутоа, Mac mini беше осетно подобар од 13-инчниот MacBook Pro кој има слична конфигурација.
3D анимации
И натаму се држевме до тестирањето на перформансите на CPU со Keyshot. Мораме да додадеме дека во текот на двата теста, 3D перформансите ги проверувавме исклучиво врз основа на перформансите на CPU, бидејќи Keyshot не го користи GPU во текот на рендерирарњето. Поставките останаа исти, па и натаму можете да им пристапите на тестните фајлови за сами да ја проверите конфигурацијата на својот компјутер.
Mac mini повторно заврши втор и со 15 проценти разлика при споредбата со влезната конфигурација на годинашниот 15-инчен MacBook Pro. Меѓутоа, во споредба со четиријадрениот модел од влезно ниво од 13 инчи (од 2018), во mini има 30 отсто дополнителна сила. Исто така, забележавме дека загревањето е доста променето во однос на верзијата со 4 јадра, дури и ако брзината не е променета, температурата на процесорот стагнираше на околу 90-95°C.
Графички перформанси
Покрај синтетичките тестови, малку за заигравме, што донесе интересни резултати. Не се боревме залудно низ Diablo 3. Верзијата со 6 јадра се покажа послаба од моделот со 4 јадра. Во теорија, би требало да има исти резултати, бидејќи во двата компјутера е вграден истиот GPU. Тестовите на Unigine Heaven се разликуваа само за неколку поени. Овој Mac mini доби 533 поени, додека послабата верзија имаше 521 поен, што е прилично занемарлива разлика.
Меѓутоа, послабата верзија во просек имаше 16 fps, во споредба со постоечките 9,7, а максималниот fps беше ист како и претходно. Додека го игравме Diablo, немаше голема разлика помеѓу овие два модела, но оној со четири јадра, сепак, беше малку подобар. Од една страна, K1l1m6n смета дека проблемот е во повисоката температура, бидејќи CPU и GPU се во истиот дел на куќиштето кај двата модела, и имаат ист систем на ладење. Од друга страна, CPU зазема 75 W сила наместо 65 W, што значи дека GPU малку е послаб, па тоа доведе до послаби перформанси.
Експортирање во Lightroom
Иако во текот на тестирањето на четиријадрената верзија, заклучивме дека Mac mini не е вистинска работна станица, работите се сосема спротивни со случајот на 6-јадрената верзија. Овој компјутер би можел совршено да ги задоволи потребите на сите кои работат со програмите како Logic Pro и Pro Tools. Но, да погледнеме како се справува со фотографиите.
Повторно ги имавме истите поставки и проверивме кој компјутер може побрзо да обработи 500 фотографии со висока резолуција. Баш како и во случајот на експортирањето видеа, брзината на зашишување на SSD беше клучен фактор. А, со оглед на тоа дека најмалата големина за складирање кај 6-јадрениот модел е двојно поголема отколку кај четиријадрениот, тој модел има и малку поголем SSD. Благодарение на тоа, тој компјутер е побрз во неколку аспекти.
Имено, Mac mini успеа да ги експортира фотографиите за 6 минути и 43 секунди. Годинашниот 15-инчен MacBook Pro беше гоотв за 6 минути и 17 секунди, а на четиријадрениот модел му беа потребни 8 минути и 36 секунди.
Logic Pro X
На крајот на нашето тестирање, ги проверивме и перформансите на 6-јадрениот Mac mini при работењето со Logic Pro X. Истите тестови можете да ги направите и во Pro Tools или FL Studiо, бидејќи така само се проверува сировата сила на процесорот. Годинашниот 15-инчен MacBook Pro беше најдобар, речиси приближувајќи му се на нивото на 12-јадрениот Mac Pro од 2013. Можеби се работи за постар хардвер, но 12 јадра се 12 јадра.
Заклучок
Што можеме да кажеме? Моделот на Mac mini со чест јадра има одлична конфигурација. Солидно го следи 15-инчниот MacBook Pro од 2018., кој е двојно поскап. Иако цената му е поголема од цената на четиријадрениот Mac mini, за таа разлика добивате двојно поголем SSD и значително подобри перформанси. А познавајќи ги високите цени на сополнителниот простор за складирање, купувањето на 6-јадрениот модел се чини како паметен избор.
Сепак, немојте да заборавите дека овој уред бара надворешни додатоци, како екран. Но, ако веќе ги имате, тогаш би се осмелил да кажам дека 6-јадрениот Mac Mini од 2018. е најдобрата опција во постоечката понуда на производи на Apple.